Кафе, квасец: Производи во кујната што ги чуваме погрешно, па најчесто ги фрламе
Шеќер - Препорачливо е шеќерот да го купувате во ограничени количини, бидејќи е скоро невозможно постојано да се чува во идеални услови.
Колку пати сте купиле некој производ, а потоа сте го фрлиле само затоа што не сте го чувале правилно, па изветреал, омекнал, фатил мувла? Или, едноставно сте го ставиле во фрижидер мислејќи дека нема да му биде ништо затоа што е добро затворен, а сепак, вкусот повеќе не е ист?
Наместо да купувате производи и потоа да ги фрлате, прочитајте го следниве совети како да ги складирате правилно производите.
Производи во кујната што ги чуваме погрешно:
Кафе
Кафето го менува вкусот ако ја чувате кесичката отворена подолго време.
Ова се однесува и на нескафето и на турското кафе. Дополнително, ако во просторијата во која го чувате нескафето има влага, тоа може да се згрутчи.
Затоа, штом ќе ја отворите ќесичката, кафето претурете го во тегла со капак, која ќе се вакуумира на секое затворање и ќе му ја задржи подолго време свежината, но и оригиналниот вкус.
Но, запомнете, ако го оставите подолго дури и во затворена тегла, тоа ќе почне да ветрее.
Брашно
Ако не се чува соодветно, брашното може да почне да фаќа влага или да стане дом на паразити кои ќе се множат.
За да го избегнете ова и да му го продолжите „животот“ од 6 месеци до 1 година, најдобро е да го чувате на студено место, па дури и во фрижидер.
Во спротивно, купувајте мали ќесички, а откако ќе го отворите, брашното што нема да го искористите, ставете го во пластичен сад со капак.
Зачини и билки
Солта и биберот ги користиме често, па и да ги имаме дома во поголеми количини, тие ќе се потрошат брзо. Но, што е со другите зачини, како на пример босилекот, ѓумбирот, циметот?
Дури и со соодветно чување, на суво, студено и темно место, по некое време тие ги губат аромата, вкусот и корисните својства што ги поседуваат.
Затоа е препорачливо дома да ги имате во мали количини, па мелените зачини да ги потрошите за 6 месеци, а целите зачини (во зрно, ливчиња или на парчиња) – за 2 години.
Шеќер
Шеќерот најчесто го чуваме отворен во оригиналното пакување, па по некое време тој почнува да ги губи своите својства.
За да го зачуваме подолго време во оригиналната состојба откако ќе го отвориме, шеќерот треба да го префрлиме во вакуумиран сад или ќеса, на место каде што има провев и да стои на оптимална температура во просторија во која нема влага.
Препорачливо е шеќерот да го купувате во ограничени количини, бидејќи е скоро невозможно постојано да се чува во идеални услови.