Кафе, квасец: Производи во кујната што ги чуваме погрешно, па најчесто ги фрламе
Квасец
Понекогаш кога нема да ви нарасне тестото, сметате дека тоа е затоа што не знаете да месите.
Но, почесто причината за ова е затоа што на квасецот му поминал рокот, дури и да сте го чувале соодветно. Квасецот не треба да се чува повеќе од 3-4 месеци, дури и да е во фрижидер. По овој период, тој веќе не е добар.
Затоа, пред да замесите тесто, проверете го датумот на производство на квасецот, и секако, купувајте го само во мали количини за да не го фрлате.
Месо
Многу луѓе практикуваат да купуваат пилешко, телешко или свинско месо по поевтина цена, па прават залиха во замрзнувачот.
Но, месото не треба да биде замрзнато долго време пред да го употребите, бидејќи го менува вкусот и се суши.
Но, ако ова не ви пречи, тогаш пред да го замрзнете, поделете го на помали делови, наместо да го замрзнете целото одеднаш. Месото што веќе еднаш сте го одмрзнале, не треба да го замрзнувате пак.
Ореви
Излупените ореви по 3 месеци го губат својот оригинален вкус, а ако се чуваат во замрзнувач, примаат од мирисот на останатата замрзната храна.
Затоа, ако не ги користите веднаш, препорачливо е да купувате ореви во лушпа, бидејќи тогаш се јатките во својата природна средина и ги задржуваат мастите.
Оревите во јатки може да останат во својата оригинална состојба и до 1 година.
Отворени сосови
Скоро сите во фрижидерот имаме теглички со отворени сосови – мајонез, сенф, кечап, сосови за бургери, за салати.
Но, сите тие по некое време почнуваат да оксидираат, во теглите се создава вода, мувла, ја менуваат бојата, се згрутчуваат.
Токму поради ова, подобро е да купувате мали пакувања, кои ќе ги потрошите за 3 до 6 месеци, дури и рокот на пакувањето да е подолг, бидејќи, тоа се производи кои лесно се расипуваат.
А. Ј. | Црнобело