10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки
Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да ја спасите загорената тава? Неколку трикови што сигурно ќе ви се најдат во кујна...
Без разлика колку (малку) време минувате во кујна, сигурно сте се соочиле со проблемите што ги мачат сите.
Неколку кујнски трикови што ќе ви бидат од корист:
Како да го омекнете кристализираниот мед?
Најпрво важно е да знаете дека кристализирањето на медот е сосема нормална појава и не значи дека продуктот е расипан.
Всушност, колку е поприроден медот, толку се поголеми шансите да кристализира по извесно време.
Во овој случај, можете да го вратите во првобитната состојба со топла вода.
Во тенџере стоплете вода и оставете ја теглата да отстои внатре додека медот да омекне.
Немојте да го користите овој трик ако медот е во пластична амбалажа бидејќи ќе се стопи.
Како да загреете ориз во микробранова печка?
Микробрановата печка е одлична за брзо подгревање храна, но некогаш може да ѝ ја промени текстурата.
Ако сакате да загреете ориз, во чинијата ставете две-три коцки мраз.
Мразот ќе се стопи и нема да дозволи оризот да се засуши.
Како да го освежите мирисот на воздухот во кујната?
За да го неутрализирате мирисот од храна во кујната, ќе ви требаат само неколку парчиња портокал, неколку стапчиња цимет, вода и малку суво каранфилче.
Измешајте ги сите состојки во тенџере и оставете го да зоврие. Со пареата ќе се рашири пријатниот мирис од состојките.
Како правилно да го чувате магдоносот?
Магдоносот може да ви трае многу подолго ако го чувате правилно.
Малку скратете ги дршките и ставете го магдоносот во чаша или тегла со малку вода.
Горниот дел покријте со ќеса и оставете го во фрижидерот.
Како да се ослободите од мирисот на лук и кромид од дланките?
Оцетот може да ви помогне да го неутрализирате мирисот од кромид или лук на дланките. Доволно е само да ги истриете со малку оцет и да ги исплакнете.
Неколку минути рацете веројатно ќе ви мирисаат на оцет, но брзо ќе испари.