9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често

Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое што може да се исуши. Со ова не само што ќе заштедите вода и струја, туку и ќе ѝ го продолжите рокот на траење на крпата. 

9-raboti-vo-domot-shto-mozhete-da-gi-oshtetite-ako-gi-chistite-ili-perete-mnogu-chesto-01.jpg

Обично мислиме дека колку повеќе чистиме некои работи во домот, толку подобро.

Но, неретко за чистење користиме средства кои можат да ги оштетат предметите (и облеката) ако ги чистиме секојдневно.

9 работи во домот кои не треба да ги чистите и перете многу често, бидејќи ќе ги оштетите:

Крпи

Не мора да ги перете крпите по секоја употреба. Треба само да се осигурите дека се закачени на тој начин што ќе можат да се исушат.

Слободно користете иста крпа три-четири дена. Со ова не само што ќе заштедите на вода и струја, туку и крпите ќе ви траат многу подолго.

9-raboti-vo-domot-shto-mozhete-da-gi-oshtetite-ako-gi-chistite-ili-perete-mnogu-chesto-02.jpg

Дрвен мебел

Немојте секој ден да бришете прашина со средства – доволно е да ги користите еднаш неделно.

Ако, пак, во домот имате многу прашина и мора да ја чистите секој ден, тогаш соберете ја со сува микрофибер крпа.

Честото користење средства може да остави дамки на дрвениот мебел и да го оштети.

9-raboti-vo-domot-shto-mozhete-da-gi-oshtetite-ako-gi-chistite-ili-perete-mnogu-chesto-03.jpg

Челична тава

Секако, треба да ја измиете челичната тава по секоја употреба, но мора да бидете внимателни.

Најпрво, немојте никако да ја стругате со сунѓер или жичка за да ја отстраните храната. Со ова само ќе ја оштетите.

За да ја отстраните загорената храна, ставете малку сол и вода во тавата и оставете да отстои.

Потоа само измијте ја со обично средство за садови и со меката страна на сунѓерот.

На крај, осигурете се дека добро ќе ја исушите за да го спречите рѓосувањето.

9-raboti-vo-domot-shto-mozhete-da-gi-oshtetite-ako-gi-chistite-ili-perete-mnogu-chesto-04.jpg

Огледала

Средството за стакло може да го оштети огледалото ако го користите секој ден.

Со ова, средството сигурно ќе се наталожи на рабовите на огледалото и со текот на времето ќе го оштети.

Сосема доволно е да го чистите огледалото еднаш неделно. Добро би било да користите и гума за стакло за целосно да го отстраните средството.

9-raboti-vo-domot-shto-mozhete-da-gi-oshtetite-ako-gi-chistite-ili-perete-mnogu-chesto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg