Исхраната на нашите деца мора да изобилува со овошје и зеленчук. Сепак, и самите знаеме дека децата не обожаваат овошјето и зеленчукот да ги јадат сирови, па токму поради тоа смутијата се најдоброто решение кое децата го сакаат. Смути е здрав и освежителен пијалак направен во блендер со моќен мотор од овошје и зеленчук, со додатоци од јаткасти производи, вода, млеко или јогурт.