Улогата на семејниот лекар во водење акутни горно-респираторни инфекции

ulogata-na-semejniot-lekar-vo-vodenja-akutni-gorno-respiratorni-infekcii-1.jpg

Секоја сезонска промена влијае на нашиот организам. На пролет, телото е поактивно и луѓето се подложни на стрес, но во зима телото функционира поспоро поради студот и е подложно на горно-респираторни инфекции (АГРИ) и настинки. Меѓутоа, не секој реагира бурно и развива болест. Тоа е оправдано со индивидуална имунолошка и психичка одбрана.

ulogata-na-semejniot-lekar-vo-vodenja-akutni-gorno-respiratorni-infekcii-4.fw_copy_copy.jpgГорно-респираторните инфекции најчесто се вирусни и за нив не е потребен и не постои посебен  третман. Вирусните инфекции пак, треба да се разграничат од рекурентните или хронични инфекции. Најважно од сé е да се комуницира, со цел да се открие за што се грижи пациентот, преку земање анамнеза, а тоа е за симптомите, почетокот, траењето, кои му се очекувањата од прегледот и исходот. Во нареден чекор треба да се процени тежината на заболувањето, со цел да се процени дали претстои влошување, да се осврнеме на минати состојби или лошо поминати настинки, коморбидитети и слично. Последниот чекор ние лекарите да умееме да дадеме совет за самогрижа и тоа да се прифати и спроведе во континуитет од страна на пациентот.

При самиот преглед, од страв да не се влоши состојбата, пациентите прават притисок да се препише антибиотик. Нашата улога е да изградиме партнерски однос со пациентите. Кога тие се свесни за таа пријателска врска, се сложуваат дека не им е потребна антибиотска терапија, дека не секоја настинка е бактериска, дека секоја температура, треска или грозница не се должи на инфекции, дека антибиотиците не моат да спречат секундарни бактериски инфекции после вирози и дека повеќето бактериски горно-респираторни инфекции се самолимитирачки.

Во најголем број случаи симптомите траат: отитис медија – четири дена, кај воспаление на тонзили – една недела, настинка – една ипол недела, грип – две недели, течење на нос – една до две ипол недели, синуситис - 2-3 недели, акутна кашлица - три недели, покачена температура при вироза – 3 до 5 дена.

Наша работа е да ги поучиме пациентите да се јават на лекар ако се појаат знаци на: конфузност, повраќање, укоцен врат, тешко дишење и голтање...

Секако, еден од најдобрите совети е одмор и мирување.

Во кои случаи не е потребен антибиотик?

При симптоми на кашлица, настинки, трахео-бронхити, обструктивни бронхити, атопични дерматити со кашлица, вирусна засипнатост. Нашата улога е клучна кога се во прашање советите, меѓу кои се вбројубаат и препораките за исхрана - богата со овошје, зеленчук, витамински напитоци, домашна топла храна, течности кои се ниту жешки ниту ладни, потоа советите за здрави навики - хигиена на раце со или без антисептици, носење ракавици, маски со филтри, како и изолација на болни.

Советот за примарна превенција кај хронично-болни и оние со мултиморбидитет, оди во насока на имунизација против грип и пнеумокок, особено кај пациенти со ХОББ, ДМ.

ulogata-na-semejniot-lekar-vo-vodenja-akutni-gorno-respiratorni-infekcii-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Како да се заштите од уринарни инфекции кога пливате во базен? Само еден пливач може да внесе милијарди микроби, вклучително и фекални честички...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg