Како да се заштите од уринарни инфекции кога пливате во базен?

Само еден пливач може да внесе милијарди микроби, вклучително и фекални честички во водата. Денес базените се прочистуваат од овие микроби и се релативно безбедни, но сепак е препорачливо да знаете како да го намалите ризикот од одредени инфекции.

kako-da-se-zastitite-od-urinarni-infekcii-dokolku-se-kapete-vo-bazen-01_copy.jpg

Базените, особено оние на отворено, се одлична можност за разладување за време на летните горештини.

Од друга страна, инфекциите на уринарниот тракт се вистински кошмар, а базените можат да бидат идеална средина за размножување на бактериите.

Воспаление настанува кога бактериите ќе стигнат до мочниот меур преку мочниот канал и таму ќе почнат да се размножуваат со голема брзина. 

Болното и зачестено мокрење, пецкањето и карличната болка се знак на уринарна инфекција.

kako-da-se-zastitite-od-urinarni-infekcii-dokolku-se-kapete-vo-bazen-08.jpg

Многу од капачите во базените не се тушираат пред да влезат во вода.

Целата пот, нечистотија, маснотии и производи за нега на кожа ја намалуваат моќта на средствата за дезинфекција базирани на хлор во базените.

Жените имаат поголем ризик да се инфицираат, поради краткиот мочен канал кој го поврзува мочниот меур со отворот каде што излегува урината.

Но, доколку ги следите следните совети, може да ги избегнете инфекциите:

Заштитете се себеси и другите

Ова значи дека треба максимално да се грижите за хигиената. 

Туширајте се најмалку 60 секунди пред да влезете во базенот и задолжително туширајте се откако ќе излезете од базенот. 

Само еден пливач може да внесе милијарди микроби, вклучително и фекални честички, во водата. 

Затоа, хигиената е приоритет.

kako-da-se-zastitite-od-urinarni-infekcii-dokolku-se-kapete-vo-bazen-10.jpg

Не ја голтајте водата

За само 45 минути од пливањето, просечна возрасна личност голта 1 лажица вода додека плива во базен, а децата дури двојно повеќе. 

Направете сѐ што можете за да ја намалите таа количина.

kako-da-se-zastitite-od-urinarni-infekcii-dokolku-se-kapete-vo-bazen-07.jpg

По капењето, веднаш соблечете го костимот за капење

Ако предолго останете во влажен костим за капење (а многумина чекаат да се исуши на нив), ризикувате многу.

Влажната и топла средина е најпогодна за размножување на бактериите.

kako-da-se-zastitite-od-urinarni-infekcii-dokolku-se-kapete-vo-bazen-03.jpg

Тестирајте ја водата од базенот

Ако нивото на хлор или pH во базенот е ниско, постои поголема можност бактериите да се размножуваат.

Ако имате ваш базен, тогаш самите тестирајте ги овие параметри - консултирајте се со професионалец за начинот.

Исто така, доколку забележите дека водата во базенот не е бистра и дека се шират непријатни мириси, не влегувајте да се капете.

kako-da-se-zastitite-od-urinarni-infekcii-dokolku-se-kapete-vo-bazen-11.jpg

Што доколку добиете инфекција?

Зависно од инфекцијата, можеби ќе ви биде потребен антибиотик препишан од доктор, кој ќе го комбинирате со препарати на природна база.

kako-da-se-zastitite-od-urinarni-infekcii-dokolku-se-kapete-vo-bazen-02_copy.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com, pexels.com

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Што е маститис, кои се симптомите и ризик фактори за негово појавување? Маститисот на лактација, кој се појавува кога жените дојат, може да биде нависти...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg