Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните?

Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак, па дури и грб. Влакната сами по себе не се опасни, но некогаш можат да бидат предизвикани од здравствени проблеми, како хормонална нерамнотежа.

vlakna-na-grbot-kaj-zheni-zoshto-se-javuvaat-i-kako-e-najdobro-da-gi-otstranite-01.jpg

Густите и темни влакна се нешто што го поврзуваме со машкото тело. И, генерално, мажите се повлакнести од жените, најмногу поради различното ниво на одредени хормони во нивното тело.

Но, и кај некои жени можат да се јават потемни влакна на невообичаени места како лицето, па и грбот, особено долниот дел.

Проблемот кај жените е што појавата на влакна на грбот може да има влијание врз самодовербата. Но, добрите вести се дека во повеќето случаи, можете да ги отстраните безбедно.

Причини за појава на влакна на грбот кај жените

Кај мажите, обично генетиката е таа што одредува дали ќе имаат повеќе влакна на грбот.

Одредени гени ги прават мажите почувствителни на ефектите на тестостеронот – машкиот хормон кој е одговорен за растот на влакната на телото.

Кај жените, оваа појава може да биде предизвикана од повеќе причини.

Најчестите причини за појава на влакна на грбот кај жените вклучуваат

  • Хормонална нерамнотежа
  • Кушингов синдром
  • Проблеми со надбубрежната жлезда
  • Синдром на полицистични јании
  • Одредени лекови

vlakna-na-grbot-kaj-zheni-zoshto-se-javuvaat-i-kako-e-najdobro-da-gi-otstranite-02.jpg

Дали е безбедно да ги отстранете влакната на грбот?

Доколку ви сметаат, слободно можете да ги отстранете влакната на грбот.

За ова постојат неколку опции:

Бричење. Ова е безболен метод, но за најдобри резултати ќе треба да се бричите многу често. Покрај тоа, по бричењето може да ви се чини дека влакната растат потемни и подебели.

Кремови за отстранување влакна. Овие кремови се исто безболни, но имаат сличен ефект како бричењето. Односно, ќе треба да ги користите често. Покрај тоа, ако имате почувствителна кожа, може да се јави иритација.

Депилација. Ова е опција што ја одбираат многу жени. Депилацијата може да биде малку болна, но резултатите се подолготрајни. Покрај тоа, со редовно депилирање постои можност и да се намали растот на влакната.

Ласерска депилација. Донекаде, ласерската депилација е трајно решение. Но, имајте на ум дека во некои случаи влакната можат повторно да почнат да растат по неколку месеци или години. Исто така, ласерската депилација е најскапата опција.

vlakna-na-grbot-kaj-zheni-zoshto-se-javuvaat-i-kako-e-najdobro-da-gi-otstranite-04.jpg

Дали треба да се консултирате со лекар?

Влакната сами по себе не претставуваат опасност.

Но, доколку сте загрижени за вашето здравје, секогаш е добро да се консултирате со лекар.

Само тој може да утврди дали имате некаков проблем кој можеби е причина за појавата на влакна на грбот.

vlakna-na-grbot-kaj-zheni-zoshto-se-javuvaat-i-kako-e-najdobro-da-gi-otstranite-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои мажите не треба да ги кријат Прекумерното потење, но и еректилната дисфункција можат да бидат знак за проблем...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg