Зелено богатство - 10 моќни придобивки на спирулината
Спирулината, уште нарекувана како „супер храна на иднината“ е модро-зелена алга, која се користела уште од времето на Ацтеките. Денес, таа е најкомерцијално култивираната микроалга за употреба како храна.
Оваа чиста зелена енергија содржи 23 пати повеќе железо од спанаќот, 5 пати повеќе калциум од млекото и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот.
Спирулината е висококвалитетен протеин кој содржи:
- фитонутриенти (кои нудат заштита од штетните ефекти на сончевата светлина, загадувањето и стресот од средината),
- витамини (со најголема концентрација на витамините од Б групата и витаминот Е),
- минерали (железо, магнезиум, калиум, калциум, фосфор, цинк и селен),
- хлорофил (главен прочистувач на крвта),
- фикоцианин (одговорен за детоксикацијата на отровите од крвта) и
- гама-линоленска киселина (за нормализирање на менструалните периоди и одржување на ниското ниво на холестеролот).
Спирулината (достапна во облик на прав и таблети) нуди неверојатни моќни придобивки и предности со редовно консумирање, но ќе ги наброиме најважните 10:
1. Идеално го прочистува и детоксифицира организмот од токсини, тешки метали, алкохол и цигари.
2. Дава одлична имунолошка поддршка, бидејќи активно се бори против бактериолошки и вирусни заболувања.
3. Го подобрува варењето на храната, цревната дигестија и целокупната слика на метаболизмот.
4. Помага во задоволување на апетитот, како висококонцентрирана природна храна. Спирулината е одлична за диети, бидејќи влијае врз намалување на килограмите и одржување и контрола на телесната тежина.
5. Ја зголемува енергијата, ја засилува концентрацијата и помага во справување со стресни ситуации. Исцрпеноста и уморот ќе станат минато, бидејќи спирулината ќе ве ревитализира за мошне краток период.
6. Го забавува процесот на стареење и дава поголема сила и енергија, особено за време на менопаузата.
7. Ја затегнува кожата, правејќи ја блескава, а косата бујна и сјајна. Всушност, единствениот природен додаток кој ви е потребен за цврста коса, кожа и нокти е спирулината.
8. Ги ублажува непријатните симптоми пред и за време на менструалниот циклус. Ќе се чувствувате многу подобро и полесно за време на овој непријатен период од месецот.
9. Одлина е за мамурлак. Доколку сте се прејале или сте испиле малку повеќе алкохол, земете неколку таблети спирулина пред спиење со поголема количина на вода и истиот процес повторете го веднаш по будењето. Главоболките и лошиот мамурлак ќе станат минато.
10. Го стабилизира шеќерот во крвта, поради високата концентрација на протеини и го намалува нивото на лошиот холестерол, што ја прави идеална за дијабетичари.
(О)Милена | Црнобело