На што треба да внимавате, кога се работи за очите?
Постои една стара поговорка која вели дека очите се огледало на душата.
Иако денес не знаеме од каде потекнува оваа поговорка, факт е дека очите може навистина многу да кажат за нашата здравствена состојба.
Затоа следниот пат кога ќе застанете ред огледало, обрнете внимание на следните знаци кои ви ги даваат вашите очи:
1. Јачмен на окото
Ако некогаш сте имале ваков проблем, знаете за каква болка и иритација зборуваме. Овој проблем се појавува заради блокирање на некоја лојна жлезда и би требало да исчезне за неколку дена. Доколку трае подолго или често ви се појавува време е да поразговарате со вашиот лекар.
2. Опаѓање на веѓите
Тоа може да се должи на стареење, стрес и недостаток на одредени материи во исхраната. Сепак една од најчестите причини е неправилното работење на тироидната жлезда.
3. Замаглен вид
Предолгото време поминато пред компјутер и долгото гледање во екранот на телефонот е она кое го предизвикува феноменот познат во медицината како „синдром на суви очи“, а неговото манифестирање е во форма на замаглен вид и силно печење на очите.
4. Слепи точки
Доколку забележите ваква „слепа точка“ во просторот голема е веројатноста дека страдате од мигрена, особено ако сликата е надополнета со светликави точки или брановидни линии. Доколку ова ви се случува често, побарајте помош од лекар.
5. Испакнати очи
Честото трепкање и потребата да ги држиме очите широко отворени може да се поврзе со хипертироидизам – состојба во која тироидната жлезда е премногу активна. Ако забележите нешто вакво, веднаш посетете го вашиот доктор.
6. Пожолтување на белката
Ова може да се појави кај новороденчињата кои сè уште немаат правилно развиена функција на црниот дроб, но и кај возрасни. Исто така тоа може да биде знак на проблем со жолчното ќесе или неговите канали.
7. Замаглен вид како резултат на дијабетес
Еден од најчестите проблеми кој го придружува дијабетесот е ретинопатијата – состојба која предизвикува оштетување на крвните садови во очното ткиво, па како резултат на тоа се појавува замаглен вид.
8. Двојно гледање на предмети, замаглен вид или негово отсуство
Каква било промена во видот, бара итно медицинско внимание. А, ако дојде до ненадејно забележување на сенки, замаглен вид или губење на видот веднаш побарајте лекарска помош бидејќи ова може да бидат први знаци на мозочен удар.
М. С. | Црнобело