Луѓето кои ги имаат овие 6 навики, успешно го избегнуваат стресот
Динамичниот начин на живот, брзото темпо и секојдневните проблеми, се најголемата причина за појава на стресот.
А, тоа резултира со несоница, умор и негативни мисли, кои покрај тоа што влијаат на вас психички и физички, тие влијаат и на вашиот друштвен и професионален живот.
За да го спречите тоа, следете ги следните испробани совети од луѓето кои немаат проблем со стресот.
Спијте
Кога минувате низ стресни ситуации, обидете се да не си го кратите сонот, бидејќи уморот и исцрпеноста се првото нешто од што треба да се ослободите. Доколку пак се соочувате со несоница, совет од експертите е пред спиење да земете ужина која се состои од мала количина на сложени јаглехидрати (како овесни снегулки).
Излезете надвор
Одвојте малку време за себе и тргнете се од работната маса. Сонцето и свежиот воздух имаат позитивен ефект кога се работи за намалување на напнатоста. Затоа, излезете макар и на 10 минути, избистрете ја главата, наполнете ги батериите и вратете се свежи повторно на работа.
Пијте помалку кафе
Внесот на помалку кофеин може да ги држи настрана промената на расположението и нервозата, а тие тесно се поврзани со стресот. Веројатно не сте ни свесни за тоа колку големо влијание има кофеинот врз вашето тело и расположение, сѐ додека не го намалите неговото внесување.
Има само еден исклучок - истражувањата покажуваат дека кофеински пијалак пред вежбање, може да го подобри целокупниот ефект од истото.
Вежбајте редовно
Со редовно вежбање, не само што ќе бидете во одлична форма, туку тоа ќе ви помогне да ја исфрлите негативната енергија од вас и да се ослободите од стресот. Па затоа, направете си распоред на вежбање и придржувајте се до него.
На тој начин се обврзувате да си посветите одреден временски период на самите себе и на вашата благосостојба.
Придржувајте се до здравите грицки
За време на стресни периоди, многу е важно да јадете редовно, за да имате доволно енергија да се соочувате со секојдневните предизвици. Но, доколку сте љубител на грицките, имајте на ум дека повеќето од нив предизвикуваат мрзеливост, несоница и хиперактивност, а тоа може да ги влоши работите. Затоа, чипсовите и чоколатцата, заменете ги со здрави грицки, како на пример јаткасти плодови.
Мислете позитивно
Во тешки и стресни моменти, не смеете да си дозволите да имате негативни мисли, бидејќи тие создаваат уште повеќе стрес и нервози. Наместо тоа, затворете ги очите, фокусирајте се на позитивни работи и пренасочете ја енергијата кон нешто што ве смирува. Така, ќе ја зголемите продуктивноста и ќе го намалите нивото на стрес.
М. М. | Црнобело