7 навики за кои сме убедени дека се корисни, а не се

Секој од нас си има свои ритуали до кои се држи за да биде во добра форма, здрави и витки.

7-naviki-za-koi-sme-ubedeni-deka-se-korisni-a-ne-se-01.jpg

Некои од тие ритуали како што се вежбањето и миењето на овошјето и зеленчукот, на пример, навистина се неопходни.

Но, други пак, не само што се покажале како некорисни, туку многу често знаат да бидат и штетни.

На пример:

Замена на витамините со апчиња и додатоци кои содржат вештачки произведени витамини

Употребата на разни витамини и додатоци во исхраната не го намалуваат ризикот од тоа да добиете одредени болести и немаат ефект на вашата меморија и на перформансите. Од истражување направено во Америка на 450 испитаници, се открива дека витамините дури може и да имаат негативни ефекти на здравјето.

7-naviki-za-koi-sme-ubedeni-deka-se-korisni-a-ne-se-1.jpg

Користите антибактериски гелови кои не содржат алкохол

Антибактериските гелови убиваат голем дел од вирусите и бактериите, но само ако содржат барем 60% алкохол. Во секој случај, подобро е да ги миете рацете отколку да користите само антибактериски гел.

7-naviki-za-koi-sme-ubedeni-deka-se-korisni-a-ne-se-2.jpg

Одбивате да јадете глутен

Непријатните симптоми како главоболка или вртење кои се резултат на внесениот моносодиум глутамат или уште попознат како глутен можат да се појават само ако издете 3 грама од него во чиста форма. Во секој друг случај мали се шансите да имате било каква реакција на оваа супстанција.

7-naviki-za-koi-sme-ubedeni-deka-se-korisni-a-ne-se-3.jpg

Го чистите телото со диети за детоксикација

Диетите за детоксикација се многу популарни, но реалноста е дека не ни се потребни, бидејќи телото само е способно да се соочи со токсините и со помош на црниот дроб да ги исчисти. Тоа не значи дека целосно треба да заборавите на кислородните коктели и здравите смутија.

7-naviki-za-koi-sme-ubedeni-deka-se-korisni-a-ne-se-4.jpg

Користите органски производи

Во многу земји правилата за производство на органска храна не се регулирани, па никој не може да ви гарантира дека оние кои ја имаат лепенката „bio“ на себе не биле произведени и растени со пестициди. Единствената разлика е што ќе ги купите поскапи.

7-naviki-za-koi-sme-ubedeni-deka-se-korisni-a-ne-se-6.jpg

Избегнувате да ја користите микробрановата

Да, микробрановата ги намалува корисните состојки на храната, но истото го прави и рерната. Во некои случаи, заради тоа што пократко се готви храната, микробрановата се покажала и како корисна.

7-naviki-za-koi-sme-ubedeni-deka-se-korisni-a-ne-se-7.jpg

Јадете ниско маслени производи

Мастите, како и протеините и јаглехидратите му се потребни на организмот и не можете целосно да ги исфрлите од исхраната.

7-naviki-za-koi-sme-ubedeni-deka-se-korisni-a-ne-se-8.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg