Ублажете ја болката со помош на билка

ublazete-ja-bolkata-so-pomos-na-bilka-1

Осумдеценискиот нераскинлив дијалог со природата, „Алкалоид“ годинава го круниса со нова палета билни производи, како одговор на сé поголемата доверба кај луѓето во природните препарати произведени од компанијата која цели 80 години во фокусот на својата основна дејност ги има растителните суровини. Овие природни производи се категорија која опфаќа повеќе видови различно именувани препарати, како: традиционални хербални лекови,  гранични производи и додатоци во исхраната.

Билните суровини се природни суровини со огромен потенцијал и широк спектар на дејства врз човековиот организам. При концепирање природен производ, особено е значајно дефинирањето на главната/ите состојка/и, како и ограничувањата кои мора да бидат правилно поставени во однос на дозирањето, возрасните граници на корисниците, можните интеракции и несаканите ефекти.

Производната палета HERBAL на „Алкалоид“ нуди производи во облик на капки, гел, сируп, крем, капсули и масла, наменети за широк спектар на индикации. Регистрирани во согласност со националните регулативи за овој тип производи, со одобренија за пуштање во промет од соодветните институции, Агенцијата за лекови и медицински средства - МАЛМЕД и Агенцијата за храна и ветеринарство, HERBAL производите имаат строго контролиран квалитет и загарантирана безбедност. Истите непречено може да ги употребуваат и сосема здрави лица, за подобрување на функциите на одредени системи, како имунолошкиот, циркулаторниот, системот за варење, респираторниот, како и метаболните процеси.

Ехинал и Тимиал капките можат да се користат пред започнување или во екот на сезоната на настинки и грип, капсулите Уринохербал и Билните капки од коприва се препорачуваат за одржување на нормалната функција на уринарниот систем, додека Женшен капсулите се препорачуваат за подобрување на мноштво состојби, меѓу кои и издржливост на организмот при потешка умствена и физичка работа, при спортски активности, за подобрување на работната способност, концентрација и слично. Производите од палетата се вклопуваат и во концептот кој вклучува безбедно користење природни производи при појави како што се одредени кожни промени (рани, изгореници, лузни, убоди), состојби со отоци, скршеници и слични спортски повреди, состојби при кои се препорачуваат геловите со невен, жолт кантарион и гавез.

HERBAL линијата е изработена во согласност со концептот за здрав живот, кој сé поинтензивно се пропагира во светски рамки, барајќи промена на голем дел од секојдневните навики и ставајќи ја превенцијата во прв ред, во рамки на борбата чија главна цел е Здравјето пред сé!

HERBAL палетата ги содржи следниве производи:

Капки:

Венохербал - помагаат за подобра циркулација;
Ехинал - го помагаат зајакнувањето на имунитетот;
Валериал – го помагаат смирувањето;
Тимиал - помагаат за подобрување на одбранбената активност на организмот;
Бил-ол - за инхалација – помагаат за олеснување на симптомите на настинка и главоболка;
Билни капки од артичока – придонесуваат за нормална функција на црниот дроб и жолчката;
Билни капки од лук – помагаат за нормална функција на одбранбената функција и за нормална циркулација;
Билни капки од коприва – помагаат за нормална функција на уринарниот систем;
Билни капки кои помагаат за зголемување на апетитот – придонесуваат за одржување на нормален апетит;
Билни капки кои го помагаат слабеењето – помагаат за регулирање на телесната тежина.

Капсули:

Уринохербал – придонесуваат за одржување на нормалната функција на уринарниот систем;
Женшен – помагаат за подобрување на издржливоста на организмот при потешка умствена и физичка работа и за ублажување на стресни состојби.

Гелови:

Гел со невен – помага при воспалителни процеси на кожата, при изгореници, лузни и убоди од инсекти;
Гел со жолт кантарион – помага за олеснување на симптомите од хемороиди, при изгореници, лузни;
Гел со гавез – помага за олеснување на состојби со отоци, со хематоми, со скршеници и со спортски повреди;
Бил-ол гел – помага за олеснување на симптоми на настинка и за ревматски и мускулни болки.

Сируп:

Примулин сируп - помага во олеснување на искашлувањето.

Креми и масла:

Крем што помага за олеснување на симптоми при појава на хемороиди и при хронична венска инсуфициенција, проширени вени;
Масло од кантарион
– помага при изгореници, исеченици, рани, како и при нарушувања во системот за варење.

ublazete-ja-bolkata-so-pomos-na-bilka.jpg

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Ја регулира тежината, ја чисти кожата – Зошто треба да пиете вода со нане (и како да ја направите)? Нането има природни антибактериски својства, па може да го освежи здив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg