15 причини зошто да уживате во десертите и пијалаците со цимет
Штом времето залади, речиси сите пијалаци стануваат многу повкусни кога во нив ќе додадете цимет.
Сепак циметот е многу повеќе од само зачин со пријатна арома кој може да направи магија од секој пијалак.
Тој нуди уште многу други придобивки за нас, а дел од нив се и следните:
1. Го спречува дијабетесот од тип 2 бидејќи го намалува нивото на гликоза во крвта со тоа што содржи витамин Б1.
2. Го намалува создавањето киселини во желудникот.
3. Помага во намалувањето на килограмите преку забрзување на метаболизмот и согорување на мастите.
4. Го регулира гастроинтестиналниот ритам и помага во намалување на проблемите со дијареја и надразнети црева.
5. Ја намалува појавата на гасови и надуеност.
6. Помага во борбата против срцевите болести и атеросклерозата, а го намалува и нивото на холестерол во крвта.
7. Го спречува повраќањето и го намалува гадењето.
8. Благодарение на антивоспалителните својства го намалува артритисот.
9. Чајот со цимет, исипен на празен стомак, го намалува апетитот.
10. Ја стимулира функцијата на мозокот.
11. Антибактериските и антивоспалителните својства на циметот помагаат во надминувањето на настинките, асмата, бронхитисот и грипот.
12. Циметот е познат и како одличен афродизијак.
13. Содржи моќни антиоксиданси кои ги штитат артериите, спречувајќи го таложењето на маснотии.
14. Благодарение на антибактериските својства корисен е во борбата против габичните инфекции.
15. Циметот е одличен извор на витамини и минерали, како Ц, Б1, железо, калциум, калиум и фосфор.
М. С. | Црнобело