5 причини зошто е добро да спиете голи
Спиењето голи некои го сметаат за секси, други за срамно, трети за ослободително. Но, научниците на тоа додаваат и 5 причини зошто ваквото спиење е здраво.
1. Ќе спиете подобро: Некои облици на несоница се предизвикани од неправилна регулација на телесната температура навечер. Можеби пижамата е виновна за утринските подочници.
2. Ќе ослабете: Организмот навечер се лади и го намалува нивото на кортизол, хормонот на стрес кој влијае на апетитот. Разладете се колку можете.
3. Ќе го забавите стареењето: Како што опаѓа телесната температура, така организмот повеќе го стимулира ослободувањето на хормонот против стареење.
4. Ќе бидете поздрави: Луѓето кои спијат помалку од 6 часа во топла просторија имаат трипати поголеми шанси да добијат дијабетис или некоја срцева болест. Разголете се!
5. Ќе бидете посреќни: Кога ќе почувствуваме допир на туѓа кожа, нè преплавува одлично расположение. Причина плус за да спиете голи со партнерот.