Метеоропатија: Колку времето влијае на нашето здравје?

За сите луѓе, а особено оние кои патат од хронични болести, постарите лица и децата важно е да ја следат временската прогноза, за да можат според неа да ги планираат своите обврски.

meteoropatija-kolku-vremeto-vlijae-na-naseto-zdravje-01

Научните истражувања покажуваат дека временските прилики и неприлики имаат силно влијание на нашето расположение и на функционирањето на целиот организам. За некои луѓе слободно може да се каже дека се метеоропати, бидејќи нивното здравје е директно поврзано со атмосферските промени.

Сепак, без оглед на тоа какво е времето надвор, дали дува ветер, сончево е или се присутни некои честички, важно е секој ден барем дваесет минути да прошетате. Секако, доколку сакате да избегнете настинка или сончаница, неопходно е соодветно да се облечете.


Главоболка

Болката во главата често се појавува при нагло паѓање на температурите, зголемена влажност на воздухот и низок притисок. Ветрот посебно може да предизвика воспаление на синусите кои предизвикуваат болка. Прогнозата не можете да ја промените, но можете да спречите да се чувствувате лошо.

За почеток би било најдобро да ги запишувате симптомите кои ги чувствувате и какво било времето тој ден. Така најлесно ќе разберете што ви предизвикува главоболка.

Кога еднаш ќе утврдите кои се вашите причинители на главоболка, ќе научите да ги планирате своите активности во текот на денот или ако е неопходно ќе знаете кои лекарства да ги употребите.

meteoropatija-kolku-vremeto-vlijae-na-naseto-zdravje-1


Срце и бели дробови

Времето знае да влијае на работата на срцето и белите дробови. Многу е важен квалитетот на воздухот кој го дишеме.

Токму затоа последните години се мери концентрацијата на смогот и другите елементи во воздухот.

Загадениот воздух може да предизвика воспаление на белите дробови, но и зголемување на симптомите на гушење кај оние кои имаат проблеми со бронхитис  и астма.

Исто така кога е „тешко времето“, проблематично е и за срцево болните. Ова посебно ги погодува луѓето кај кои се јавува тапа болка во пределот на градите, односно angina pectoris, а неочекуваните промени на времето можат да влијаат и на пулсот и крвниот притисок.

Важно е да го знаете сето ова, за да можете во договор со вашиот лекар да ја зголемите или намалите дозата на поединечни лекови во согласност со временските услови.

meteoropatija-kolku-vremeto-vlijae-na-naseto-zdravje-2


Коски

Секој кој некогаш имал некаква скршеница на екстремитетите, знае дека пред дожд или промена на лошо време, се јавува болка во коските.

Исто така, луѓето кои патат од артритис или реума, тешко ги поднесуваат влажните и студени месеци, бидејќи имаат болни симптоми при секоја полоша промена на времето.

meteoropatija-kolku-vremeto-vlijae-na-naseto-zdravje-3

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg