Стекнете ја навиката на успешните: Станете ранобудници!
Промената која мора да ја воведете во вашиот живот за да станете ранобудници од вас очекува огромна доследност и рутина.
Ако уште денес сакате да ја стекнете навиката на успешните луѓе, од неа ве делат само 6 едноставни совети кои ќе ви помогнат да го навиете својот внатрешен часовник.
Секое утро нека ви започнува исто. Разбудете се, вежбајте и појадувајте во исто време. Рутината е важна, затоа што телото сака да предвидува што ќе се случува. Ако сакате да станете ранобудник, имајте наум дека оваа рутина не смеете да ја прекршите ниту за време на викендот.
Разбудете го мозокот. Прочуената “snooze” опција само ќе ви го наруши будењето и ќе ве навлече на уште 15 минути кои многу ќе ви го променат денот. За да го спречите овој проблем, почесто менувајте ја мелодијата на алармот и секогаш будете се со весели песни.
Пуштете ја светлината во собата. Без разлика дали се работи за природна или вештачка, светлината е најдобриот аларм. Ви го најавува денот кој ве очекува и го спречува телото да произведува мелатонин, хормон кој ве тера на спиење.
Вежбајте. Она што најмногу ви помага, дефинитивно не е кафето, ниту пак чајот. Резултатите покажале дека утринските вежби го намалуваат крвниот притисок, го намалуваат стресот, но и ви помагаат навечер полесно да заспиете. Утринското џогирање, возење велосипед или шетањето со вашето кутре може многу да ви помогнат!
Обилен протеински појадок. Протеините го помагаат будењето, а јаглехидратите го поттикнуваат сонот. Проверете што појадувате!
Прескокнете ја попладневната дремка. Наместо попладневното спиење, поспаноста искористете ја за порано одење во кревет. Колку и да е кратка, има големи шанси да ви го поремети ритамот за спиење.