Сопругот ја дрогирал и викал мажи да ја силуваат: Детали за грозоморниот случај на храбрата Жизел од Франција

Французинката Жизел (72), која скоро цела деценија била дрогирана и силувана од поранешниот сопруг, но и над 50 други мажи, храбро одлучи судењето да биде јавно, со цел да ја зголеми свеста за сексуалното насилство. Сопругот веќе призна вина, а Жизел има огромна поддршка не само од Франција, туку и од целиот свет.

soprugot-ja-drogiral-i-vikal-mazhi-da-ja-siluvaat-detali-za-grozomorniot-sluchaj-na-hrabrata-zhizel-od-francija-01.jpg

Жизел Пелико од Франција, со својата храброст стана симбол за борбата против сексуалното насилство, откако на суд се соочи со нејзиниот поранешен сопруг и бројните мажи кои ја силувале додека таа била без свест, под дејство на дрога.

Судењето за случајот што го згрози целиот свет се одвива јавно, по желба на храбрата 72-годишна жена која веќе ја сметаат за херој во Франција.

На едно сослушување, Жизел беше пречекана и со аплауз од репортерите пред судницата, а пред судот во Париз, се собра и толпа народ со поддршка за неа.

Видео од аплаузот што го доби Жизел (кликнете на објавата за да го изгледате):

Во продолжение, деталите за грозоморниот случај:

Жизел и поранешниот сопруг Доминик се запознале во 1971-ва, а се венчале во 1973 година.

Добиле три деца – два сина и ќерка и живееле во Париз.

soprugot-ja-drogiral-i-vikal-mazhi-da-ja-siluvaat-detali-za-grozomorniot-sluchaj-na-hrabrata-zhizel-od-francija-09.JPGЖизел и Доминик на нивната свадба

Жизел била бизнис менаџер, додека Доминик бил електричар, но имал навика да троши многу пари, па се задолжил кај брат му за сума од околу 75.000 евра кои наводно не му ги вратил.

Во 2001 година, фирмата во којашто работел банкротирала, па со цел да ги заштитат парите и имотот на Жизел, парот се развел.

Сепак, во 2007 година повторно се венчале.

Доминик првпат се судрил со законот во 2010 година, кога бил уапсен бидејќи фотографирал под здолништата на жени во супермаркет на Carrefour.

Добил парична казна од 100 евра, но Жизел не била известена за инцидентот.

soprugot-ja-drogiral-i-vikal-mazhi-da-ja-siluvaat-detali-za-grozomorniot-sluchaj-na-hrabrata-zhizel-od-francija-08.JPGДоминик

Доминик повторно бил уапсен за фотографирање жени во 2020 година и благодарение на овој инцидент, полицијата дознала за одвратните работи што ѝ ги правел на сопругата.

Тој период, и Доминик и Жизел веќе биле во пензија и живееле во мал француски град со околу 6.000 жители. Изгледале среќно, а децата и внуците редовно ги посетувале.

Па, никој не се ни посомневал што всушност се случувало зад затворени врати.

soprugot-ja-drogiral-i-vikal-mazhi-da-ja-siluvaat-detali-za-grozomorniot-sluchaj-na-hrabrata-zhizel-od-francija-10.JPGДоминик до 2018-та година

Кога Доминик бил уапсен, во неговата торба биле најдени камера, фотоапарат и кондоми.

По испрашувањето, полицијата ги проверила неговите дигитални уреди, како мобилни телефони и лаптоп.

Оваа истрага покажала дека Доминик бил дел од форум каде што членовите разговарале за силување на нивните сопружници, додека тие не биле свесни, најчесто бидејќи биле дрогирани.

На форумот, Доминик почнал да кани мажи да ја силуваат неговата сопруга Жизел додека била под дејство на дрога.

soprugot-ja-drogiral-i-vikal-mazhi-da-ja-siluvaat-detali-za-grozomorniot-sluchaj-na-hrabrata-zhizel-od-francija-07.JPGГратчето во кое живееле Доминик и Жизел

Дури и на Скајп, тој се фалел дека ја дрогирал Жизел и викал мажи да ја силуваат.

На УСБ стик, полицијата нашла илјадници фотографии и видеа од силувањата на Жизел.

Со овие докази, полицајците утврдиле дека силувањата се случувале од 2011 до 2020 година, а во тој период Жизел била жртва на 72 мажи.

Некои мажи ја силувале повеќепати, односно според досегашните докази, Жизел била силувана над 100 пати.

soprugot-ja-drogiral-i-vikal-mazhi-da-ja-siluvaat-detali-za-grozomorniot-sluchaj-na-hrabrata-zhizel-od-francija-06.JPGКуќата на Доминик и Жизел

По две години напорна работа, полицијата успеала да идентификува 50 силувачи, на возраст од 21 до 68 години (во периодот кога ја силувале).

Исто така, Доминик скришно ги фотографирал сопругите на неговите синови додека се туширале и ги споделил фотографиите онлајн.

Уште поморничаво е што била најдена и фотографија од ќерка му кога имала 30 години, без свест и во долна облека на мајка ѝ.

Сепак, тој тврдел дека никогаш не ја силувал, ниту ја нападнал неа.

soprugot-ja-drogiral-i-vikal-mazhi-da-ja-siluvaat-detali-za-grozomorniot-sluchaj-na-hrabrata-zhizel-od-francija-05.JPGЖизел со ќерка ѝ

На 2-ри ноември 2020 година, Доминик и Жизел биле викнати во полиција на испрашување.

На ова испрашување, на Жизел ѝ било соопштено дека сопругот ја дрогирал и викал мажи во нивниот дом за да ја силуваат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg