Јелена Карлеуша се разведе: „По 16 години брак потпишав спогодбен развод, Душко не се појави“

jelena-karleusha-se-razvede-po-16-godini-brak-potpishav-spogodben-razvod-dushko-ne-se-pojavi-01.jpg

Неодамна Јелена Карлеуша изјави дека во тек е процедурата за спогодбен развод со Душко Тошиќ, а српските медиуми пишуваа дека парот конечно се договорил околу поделбата на имотот, што впрочем им бил и најголем проблем.

Денес (15.09) српските медиуми открија дека по 16 години брак Јелена Карлеуша потпишала спогодбен развод со Душко, со присуство на нејзиниот адвокат и адвокатот на Душко. Душко не се појавил.

Taa документите од потпишување на разводот ги објави и на Инстаграм.

Нејзината исповед за разводот гласи: 

„Потпишав спогодбен развод, по 16 години брак. Сама. На фотографијата со мене се мојот адвокат и овластениот адвокат на мојот досегашен сопруг, кој не дојде. Не прашав зошто.

Поради разни медиумски пишувања ќе додадам дека сиот заеднички имот стекнат во брак ќе се води на нашите деца Атина и Ника.

Старател на нашите деца сум јас.

„Другата страна“ немаше никаков предлог.

Иако некои велат дека поради децата поранешните сопружници треба да бидат во коректни односи, јас не сакам веќе никаква поврзаност, ниту контакт со претходниот период од животот, освен ако не е прашање на живот или смрт. Во тој случај веројатно и ќе загинам.

Секој може да направи деца, тоа е лесно, секој може да се ожени, но не секој може да биде маж.

Маж е оној кој стои покрај жената онака како што на потпишувањето на брачниот договор кажал „и во добро и во зло“. А мене животот за жал или за среќа ме награди со сила за низ сите проблеми, падови, море од солзи и лоши луѓе во изминатите години да одам сама.

Знам. Тешко е да се стои покрај мене, тешко е да се чекори покрај мене. Изгледа страшна сум. За мене често велат дека сум луда и веројатно се во право. Затоа отсега до мене може да стои само некој луд, како јас. Не прифаќам ништо помалку.

Да знае лудо да ме сака како што знам јас, дури и кога цел свет ме мрази. Немам повеќе што да додадам. Идеме понатаму“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Како изгледа денес слаткото детенце Осман од турската серија „Бурни времиња“? Го запознавме како 5-годишно детенце кое глумеше во трагичната турска серија „Бу...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg