Јелена Карлеуша откри дека конечно се разведува од Душко, на црвен тепих додека беше облечена како Мерлин Монро
- Детали
- четврток, 20 јуни 2024
„Сакам да се реши разводот што е можно поскоро, затоа што Душко си оди од дома по 10 дена да ’работи‘, а работи по ноќни клубови и со жени со лоша репутација“ – стои во преписката што Јелена Карлеуша му ја пратила на адвокатот. Сега таа изјави дека почнала постапка за спогодбен развод по 2 години превирања.
Јелена Карлеуша изминатиот период беше во фокусот на јавноста, откако беа објавени пораките на Душко во кои се гледа дека тој ѝ се додворувал на нејзината хрватска колешка Северина.
Освен тоа, само неколку дена подоцна, Карлеуша го пријави Душко за семејно насилство, а јавноста дозна дeka тој ја нападнал во заедничката вила на Дедиње, додека таа била со пријател.
Душко во неколку наврати нагласи дека бара спогодбен развод со пејачката, а таа иако се чини дека две години успешно се спротивставуваше на тоа, сега по скандалите конечно одлучила да стави крај на тоа поглавје од нејзиниот живот.
Таа синоќа (19.06) беше претседателка на жири комисијата за избор на Мис Србија, во Белград, а на настанот дојде во бел луксузен автомобил и во бело издание, со стајлинг што премногу потсетуваше на холивудската дива Мерлин Монро.
Во прашањата што ѝ ги поставија новинарите, секако имаше и такви кои се однесуваа на нејзиниот приватен живот.
Таа рече дека по матурата, нејзината ќерка Ника во моментов е во Германија со татко ѝ, каде ги следи натпреварите на српската репрезентација на Европското првенство во фудбал.
„Јас сум горда мајка, таа беше вистинска принцеза. Ја интересира фудбалот, тоа го наследила од татко ѝ.
Мене не ми е најјасно зошто таа толку многу го сака тоа… Таа ги сака сите спортови, но посебно фудбалот“ – рече Карлеуша.
На прашањето во какви односи е со сопругот и каква е ситуацијата, таа накратко одговори:
„Во моментов сме во фаза на спогодбен развод“.