Јелена Карлеуша откри дека конечно се разведува од Душко, на црвен тепих додека беше облечена како Мерлин Монро

Инаку, Јелена и Душко уште пред две години најавија дека планираат да се разведат, но досега не успеваа да се договорат разделбата да биде извршена спогодбено, односно, без судски процес.

„И понатаму се обидувам да избегнам развод со тужба, затоа што тоа би било трауматично искуство за сите нас, особено за нашите деца.

Се надевам дека во наредниот период ќе се договориме околу разводот, што е во интерес на сите“ – изјави Душко неодамна.

jelena-karleusha-kako-merlin-monro-na-crven-tepih-prizna-deka-se-razveduva-od-dushko-po-skandalite-04.jpg

По големиот број скандали во изминатиот период, Јелена дури и ја објави преписката со адвокатот на Душко, со што сакаше да покаже дека таа го иницирала разводот и сака таа приказна да се заврши што е можно побрзо:

„Дали имаме некои нови информации на темата развод? Дали направивте план со Душко?

Нема причина веќе да се губи време и да се чека.

Сакам да се реши разводот што е можно поскоро, затоа што Душко си оди од дома по 10 дена да ’работи‘, како што вели, а работи по ноќни клубови и со жени со лоша репутација, што мене исклучително ме загрозува како јавна личност и принудена сум да ги стопирам тие приказни во јавноста.

Сакам што е можно побрзо да ги одвојам децата и себеси од таа лоша приказна, од неговото опивање, излегувања итн.

Децата се под константен стрес и да не продолжувам понатаму. Дали постои план?“ – го прашува Јелена адвокатот на Душко.

На што тој ѝ одговорил дека постои начелен план и дека ќе го контактира нејзиниот адвокат.

jelena-karleusha-kako-merlin-monro-na-crven-tepih-prizna-deka-se-razveduva-od-dushko-po-skandalite-05.jpg

Како што може да се види, овој разговор бил воден на 23-ти мај во 2022-ра година, а Јелена го објави непосредно пред да го пријави сопругот за семејно насилство.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонц... Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кош...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Првата сопруга го остави за 15 години помлад стјуард, втората му го зема станот: Бурниот љубовен жив... Српскиот актер Бранислав Лечиќ, во изминатите години беше во фокусот на јавноста...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Карлеуша во нова „војна“ со Душко Тошиќ - помалата ќерка застана на страната на мајка си „Би ја замолила ‘другата страна’, наместо дополнително да нè срами во медиумите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg