Чоколадо - да или не?

cokolado-da-ili-ne-povekjeМногу често кога сакате да си каснете нешто чоколадно, ве гризе совеста, нели? Ова искушение има своја цена. Нели чоколадото е лошо по здравјето...

 

...полно со кофеини и заситени масти? За среќа – не е секогаш така. Најновите истражувања покажаа дека чоколадата сепак може да биде дел од нашата здрава исхрана.

Мит: Чоколадата содржи многу кофеин.
Факт: Иако чоколадата ви дава енергија, во неа всушност нема висок % на кофеин. Всушност, 50 gr чоколада или 250 ml чоколадно млеко содржат 6 mg кофеин, а тоа е исто колку и 1 филџан кафе без кофеин („нормално“ кафе, во 1 филџан, содржи 65-135 mg кофеин).cokolado-da-ili-ne

Мит: Чоколадата нема хранлива вредност.
Факт: Чоколадата е добар извор на магнезиум, бакар, железо и цинк. Содржи полифенол (антиоксиданс што го има и во чајот и црното вино) кој нискоризично влијае на евентулани срцеви болести. Обична чоколада има исто толку антиоксиданси како и 150мл црно вино.

Мит: Чоколадата предизвикува кариес.
Факт: Сами по себе, слатките не предизвикуваат кариес. Кариесот се формира кога бактериите во устата го метаболизираат шеќерот од храната (бонбони, газирани сокови, леб, ориз, тестенини), кој создава киселина. Потоа таа киселина предизвикува кариес.

Мит: Чоколадата предизвикува главоболка.
Факт: Истражувачите од Универзитетот во Питсбург докажале дека нема директна врска меѓу консумирањето чоколада и главоболката. Се мислело дека хроничната главоболка може да биде предизвикана од амините во храната (хистамин и бета-фенилетиламин), а кои ги има во кедар сирењето, кикирики, чоколада и алкохол, но со оваа студија чоколадата е отфрлена како можен причинител на главоболка.

Мит: Чоколадата предизвикува акни.
Факт: Независно што велат вашите родители, студиите од изминатите 20 години ја елиминираа чоколадата како можен причинител на акни. Многу дерматолози веруваат дека диетите играат значајна улога во настанувањето на акните. Сега се верува дека акните настануваат со комбинација на високо ниво на бактерии и масло на кожата.

Мит: Чоколадата дебелее.
Факт: Просечно парче чоколада содржи 220 калории, а тоа е навистина малку за да предизвика дебелеење.

Лошата репутација на чоколадата полека се менува. Најновите истражувања покажаа дека чоколадото може да биде дел од здравата исхрана, се разбира ако умерено се консумира, како што впрочем важи и за се друго.

Ако јадете умерено и тоа претежно темно чоколадо, нема зошто да ве гризе совеста и постојано да гледате на вагата.

Би можело да ве интересира:

Проблеми со менталното здравје и уште 5 скриени причини за болка во грбот Недоволната физичка активност може да предизвика болка во грбот, но знаевте ли д...
Дали смееме да се бањаме во море со тампон, според српски гинеколог „Подобро е да не се бањате неколку денови, отколку да се бањате со тампони“ – ве...
8 причини зошто би можеле да имате болка во брадавиците Многу често брадавиците знаат да болат од триење при носење несоодветен градник ...
Варичела (или овчи сипаници): Колку време трае болеста и што треба да избегнуваат заразените? Дали смеете да се туширате додека имате овчи сипаници (или варичела), колку врем...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg