8 причини зошто би можеле да имате болка во брадавиците
Многу често брадавиците знаат да болат од триење при носење несоодветен градник и спортување. Во такви случаи кожата може да стане сува или испукана, а може да забележите и крвавење. Но, кои други причини го предизвикуваат ова?
Постојат многу причини зошто би можеле да имате болка во брадавиците.
Некои од нив се едноставни, како алергија на детергент за перење, градник кој не ви одговара, при менструален циклус, бременост или доење.
Од друга страна, постојат и посериозни причинители за болки во брадавиците, како што се инфекции или рак, па затоа, многу е важно уште веднаш да го посетите вашиот лекар кој ќе ви ја даде потребната дијагноза и третман.
8 причини зошто би можеле да имате болка во брадавиците:
Триење
Многу често брадавиците знаат да болат од триење при носење несоодветен градник и спортување. Во такви случаи кожата може да стане сува или испукана, а може да забележите и крвавење.
Инфекција
Брадавиците кои веќе се повредени од триење, алергиска реакција или се испукани со крвавење, имаат поголем ризик од инфекција. Исто така и доењето може да го зголеми овој ризик.
Можно е да добиете габична инфекција, која често се чувствува како болка што гори и пецка, брадавиците може да бидат светло розови, а ареолата црвеникава.
И маститисот е можен за време на бременоста/доењето, ако млекото се заглави во некој од млечните канали.
Бактериите може да почнат да растат во каналот и да се шират. Овој тип на инфекција може да предизвика отечени, црвени, болки гради и брадавици. Маститисот треба да се третира со антибиотици, по препорака од лекар.
Секој што ги има следниве симптоми, како и болка во градите и брадавиците, треба уште веднаш да се јави на лекар:
- Треска
- Градите се топли на допир
- Црвенило на кожата на дојката и брадавиците
- Неправилно отекување на градите
Алергија или атопичен дерматит
Болката и иритацијата придружени со меурчиња на кожата може да бидат знак за алергиска реакција или атопичен дерматит.
Постојат различни производи кои може да ја иритираат кожата:
- Лосион за тело
- Детергент за перење
- Сапун
- Крем за бричење
- Омекнувач
- Парфем
- Ткаенини
Други знаци на алергиска реакција вклучуваат црвена или испукана кожа околу брадавицата и ареолата и постојано чешање. Во некои случаи може да се појави и осип.
Сексуален контакт
Сексуалната активност може да биде уште една причина за болка во брадавиците. Триењето на телото или сексуалната активност што ги вклучува брадавиците може да предизвика болка.
Оваа болка обично е привремена и често се лекува така што ќе им дозволите на брадавиците сами да заздрават.
Хормонални промени
Нормалните хормонални промени во месечниот циклус на жената исто така може да предизвикаат болка во брадавиците и градите.
Овие симптоми најчесто се чувствуваат во деновите непосредно пред почетокот на менструацијата, кога зголемувањето на нивото на естроген и прогестерон привлекува повеќе течност во градите и прави тие да се чувствуваат отечени.
Болката поврзана со хормоналните промени се намалува со почетокот на менструацијата, но, ако продолжи повеќе од неколку дена, разговарајте со вашиот лекар.
Рак или Паџетова болест
Некои болки во брадавиците придружени со други симптоми, може да бидат знак на рак, иако туморите обично не предизвикуваат болка.
Болката во брадавиците предизвикана од рак често влијае само на една дојка и брадавица.
Паџетовата болест е редок вид на рак кој ја зафаќа брадавицата, а личностите со оваа болест и рак на дојка може да искусат и други симптоми како:
- Сплескана или превртена брадавица
- Жолтеникав или крвав исцедок од брадавицата
- Чешање и пецкање
- Црвеникава кожа околу брадавицата и кожа што се лупи
Бременост
За време на бременоста, може да се јави болка во брадавиците. Градите може да станат поголеми и болни.
Брадавиците и ареолата може да потемнат и болат, а околу брадавиците може да се појават мали испакнатини.
Користењето добри градници со соодветна поддршка може да помогнат да се намали триењето и да се олесни болката.
Доење
Доењето е честа причина за болка во брадавиците. Исто така, ако се користи пумпа за измолзување, тоа може да предизвика болка во брадавиците.
Доенчето кај кое му никнуваат запчиња е уште една потенцијална причина за болка во брадавиците.
Никогаш не поставувајте си сами свои дијагнози. При каква било промена која ве загрижува, задолжително уште веднаш консултирајте се со вашиот матичен лекар.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com