Варичела (или овчи сипаници): Колку време трае болеста и што треба да избегнуваат заразените?
Дали смеете да се туширате додека имате овчи сипаници (или варичела), колку време трае периодот на инкубација и кај која група на луѓе може да предизвика компликации?
Варичела или овчи сипаници е една од најчестите детски болести.
Станува збор за доста заразна болест предизвикана од варичела зостер вирусот од фамилијата на херпес вирусите.
Со оглед на тоа дека се пренесува многу лесно, преку капки, плунка и секрет од носот, кај децата во предучилишна и училишна возраст кои често престојуваат во групи, доаѓа до заразување.
Крупната, или меѓу луѓето позната како овча сипаница, е препознатлива по чешањето и осипот на кожата, кои често се придружени со зголемена температура и малаксаност.
Пред да се појават осипот и температурата, може да се јават главоболка и повраќање.
Инкубацијата зависи од повеќе фактори, но во просек изнесува од 14 до 18 дена
Детето не е заразно при јавување на симптомите.
Инфекцијата се пренесува неколку дена пред појавата на осипот, како и сѐ додека излегуваат нови црвенила.
Кога сите сипаници ќе се исушат, можноста за зараза се намалува.
Заразените треба да бидат во изолација, да мируваат и да избегнуваат престој на сонце и физички напор.
Каде се појавува?
Варичелата може да се појави на сите делови од телото, на лицето, по рацете, нозете, стомакот и грбот, темето и гениталиите.
Изгледот на сипаниците во текот на болеста се менува и поминува низ неколку фази.
На почетокот на инфекцијата, меурчињата се исполнети со бистра течност, а ден или два подоцна, течноста станува заматена и жолтеникава и потсетува на гној.
Откако ќе пукнат, се создава краста, која во последната фаза отпаѓа.
Симптоми
Еден од симптомите карактеристични за варичелата секако е нагонот за чешање, што може да доведе до површинско оштетување на кожата.
Доколку низ оштетениот епител во организмот влезат микроби, може да настане бактериска инфекција.
Доколку кожата се инфицира, потребно е да се оди на доктор, кој ќе препише некоја локална антибиотска маст.
Неизлечената инфекција може да доведе до компликации, а некои од последиците се лузни кои може да останат на кожата цел живот.
Лекување
Лек за варичела не постои.
Од помош може да бидат производи кои ќе го ублажат чешањето и лековите за намалување на високата температура
Хигиена
Кога станува збор за хигиената, варичелата не е причина да се избегнува секојдневното туширање.
Не се препорачува долг престој во вода, но дневната хигиена не треба да се прескокнува.
Дали варичелата е опасна?
Ова зависи и од животната доба во која ќе добиете сипаници.
Бебињата и децата најчесто поминуваат без компликации.
Кај возрасните варичелата предизвикува изразени симптоми и често доаѓа до компликации.
Со оглед на тоа дека вирусот може да го оштети фетусот, варичелата е особено опасна за трудниците кои ја немаат прележано.
После прележувањето на сипаниците, имунитетот е опаднат, па децата најчесто добиваат респираторни инфекции, воспаление на синусите и увото.
С. Ш. | Црнобело