Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог

Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо да одите на лекар доколу забележите промена во чукањето на срцето. Истовремено, најдобро бидете поумерени со одредени намирници ако често се соочувате со овој проблем.

hrana-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-ako-imate-srcevi-palpitacii-spored-kardiolog-01.jpg

Кога ќе почувствувате дека вашето срце отчукува побрзо од вообичаеното, тогаш се соочувате со срцеви палпитации .

Најчесто настануваат како последица од стрес и анксиозност, но исто така и неквалитетниот сон, хормоналните промени и исхраната влијаат на појава на палпитации .

hrana-koja-predizvikuva-paltipacii-06.jpg

Елизабет Клодас, доктор специјалист за срце, открива кои намирници треба да ги избегнувате доколку имате ваков проблем.

Алкохолот е број еден намирница која треба да ја избегнувате.

Иако многу често знаеме да посегнеме по чаша вино, сепак луѓето кои страдаат од срцеви палпитации треба да знаат дека токму алкохолот предизвикува забрзано срцебиење и со тоа го зголемува ризикот од палпитации и покачување на крвниот притисок.

Пијте почесто вода и не дозволувајте организмот да дојде до степен на дехидрација.

hrana-koja-predizvikuva-paltipacii-02.jpg

Утринското кафе е омилената намирница на многумина, но кај оние кои се соочуваат со ваков проблем се советува да го избегнуваат поради присуството на кофеин.

Треба да бидете внимателни и да не консумирате чаеви, газирани пијалаци и енергетски пијалаци кои содржат кофеин бидејќи тој е уште еден стимуланс.

hrana-koja-predizvikuva-paltipacii-04.jpg

Исхраната не само што е важна за срцето, секако е важна за човековото здравје воопшто. 

Нутриционистите и докторите секогаш предлагаат да се консумира здрава храна. Дајте им шанса на овошјето, зеленчукот, мешунките, јаткастите плодови и семките

Бидејќи омега-3 мастите се неопходни за здравјето на срцето, во исхраната внесете риба, ленено семе, чиа семе и ореви.

hrana-koja-predizvikuva-paltipacii-03.jpg

Конзервираната храна може да биде една од причините за појава на палпитации.

Чипсот, белите печива, грицките во кои има додадени шеќери можат да поттикнат појава на срцеви палпитации .

Оваа храна може и да го покачи холестеролот и крвниот притисок, па поради тоа треба да се консумира умерено.

Д-р Клодас посочува дека со сувомесните производи како шунка, сланина и колбаси треба исто така да бидете умерени.

hrana-koja-predizvikuva-paltipacii-07.jpg

Иако во речиси секој оброк додаваме зачини за поубав вкус, сепак и со нив треба да бидете умерени доколку имате срцеви палпитации.

„Јадењето многу зачинета храна може да предизвика различни физиолошки реакции кои водат до зголемени отчукувања на срцето и појава на палпитации“, објаснува д-р Клодас.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg