8 работи кои треба да престанете да ги правите ако страдате од депресија (само ја влошуваат)
Не ја запоставувајте грижата за себе и не избегнувајте разговор со професионалец штом чувствата на тага и безнадежност целосно ве обземат.
Одвреме-навреме сите се чувствуваме тажно и тоа е сосема нормално. Депресијата е нешто сосема поразлично.
Луѓето со депресија се чувствуваат тажно, очајно, безнадежно и доста често немаат ни волја ни енергија за најобични работи, како да си ги измијат забите.
Ако сте депресивни, мора да престанете да ги правите следниве работи бидејќи само ќе ви ја влошат состојбата:
Не трошете многу време на социјални мрежи
Веќе и истражувањата покажуваат дека зависноста од социјални мрежи негативно се одразува врз менталното здравје, особен оние кои веќе имаат психички проблеми.
Избегнувајте бесцелно и со часови да „скролате“ на Инстаграм и да се споредувате со совршените објави на другите.
Немојте да седите во темница
Кога сте дома во текот на денот, избегнувајте да седите во темница бидејќи ова може дополнително да ве депримира.
Сончевата светлина го поттикнува лачењето на серотонин, нарекуван и хормон на среќата.
Намалете со алкохол
Алкохолот може да ве расположи, но кога ќе му помине дејството, може да се чувствувате уште полошо.
Затоа, секогаш кога пиете, бидете умерени и избегнувајте да консумирате алкохол многу често.
Немојте да јадете кога сте под стрес
Многу луѓе бараат утеха во храната и ова е погрешен пристап кон справувањето со негативните емоции.
Во ваквите мигови повеќето посегнуваат по нездрава храна, а откако ќе се прејадат, чувствуваат и вина.
Притоа, ако често го правите ова, сигурно и ќе се здебелеите, што може дополнително лошо да влијае врз вас.
Немојте да го прескокнувате вежбањето
Во деновите кога симптомите ви се поизразени, сигурно не ви се станува од кревет.
Ако немате енергија за цел тренинг, потрудете се барем да излезете на прошетка, дури и само на 10-15 минути.
Физичката активност има позитивно влијание врз расположението и може да ви биде од огромна корист.
Не ја запоставувајте грижата за себе
Секој кој се соочил со депресија знае дека во лошите денови, тешко е да се најде волја и само да се измијат заби.
Дајте го најдоброто од себе за да не ја запоставите грижата за себе.
Ако треба и присилете се да ги измиете забите, да се истуширате, па можеби ќе се ставите и во расположение да се дотерате, да се нашминкате...
Кога ќе се погледнете во огледало, ќе се чувствувате многу подобро ако делувате средено.
Не ги откажувајте плановите со пријателите
Точно е дека депресијата ве тера да се изолирате, но и во овој случај присилете се да не останувате сами дома.
Ако не сте во состојба да излезете, тогаш викнете некоја блиска личност кај вас и само разговарајте.
Не избегнувајте разговор со професионалец
Ако тагата и другите слични емоции веќе ви го попречуваат секојдневното функционирање, мора да се консултирате со експерт.
Депресијата е ментално нарушување со кое не можете да се изборите потполно сами.
Но, депресијата е и ментално нарушување кое може да се излекува со помош од експерт.
Доколку ви препишат терапија, пијте ја како што ви е препорачано и немојте нагло да ја прекинувате или сами да ја зголемувате/намалвуате дозата, бидејќи може да си создадете дополнителни проблеми.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





