Рефлукс - што го предизвикува и како да го контролирате?
Доколку чувствувате печење веднаш под градите и киселини повеќепати неделно, време е да преземете нешто за решавање на овој проблем. Постојат неколку начини за лекување на рефлукс.
Што е рефлукс?
Рефлукс е чувство на печење во дијафрагмата, веднаш зад градната коска.
По консумирање на зачинета или мрсна храна можно е да имате проблеми со варењето, како и непријатно чувство на печење веднаш под градите.
Понекогаш истото може да биде проследено со болка, а тоа е состојба што се јавува кога вашата стомачна киселина, па дури и храната, се враќа во хранопроводот.
Но, доколку ова чувство ви се јавува повеќепати неделно, можеби е време да преземете нешто околу тоа.
Симптоми
Освен печење во градниот кош, може да почувствувате и некои од следните симптоми:
- чувство на печење во грлото;
- притисок или болка зад градната коска;
- подригнување;
- чувство на ситост, тежина во желудникот или надуеност;
- тешкотии при голтање;
- влошување на болката по легнување или наведнување;
- кисело-горчлив вкус во устата;
- кашлица или засипнатост.
Што предизвикува рефлукс?
Одредени состојби и други фактори можат да ја зголемат веројатноста дека ќе доживеете рефлукс, а тие се:
Хиjатална хернија: Хиjаталната хернија (или желудочна кила) е болест која се јавува кога горниот дел од абдоменот турка низ дијафрагмата, обично поради слабост или руптура, па предизвикува ждригавица и враќање на желудочната киселина;
Бременост: Голем број трудници страдаат од рефлукс, особено во третиот триместар;
Пушење цигари: Пушењето ги зголемува можностите за развој на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Вреди да се напомне дека луѓето кои престанале со пушење или го намалиле пушењето целосно го спречиле рефлуксот;
Прекумерна тежина или дебелина: Дебелината е главен фактор на ризик за гастроезофагеална рефлуксна болест, при што рефлуксот е типичен начин на кој се манифестира состојбата;
Неправилното џвакање и брзото голтање на храната, како и лежењето после јадење може да предизвикаат рефлукс;
Земање одредени лекови: Некои лекови може да предизвикаат и рефлукс;
Стресот исто така го зголемува производството на желудечна киселина, при што доаѓа до рефлукс.
Храна која може да предизвика рефлукс:
- газирани пијалаци;
- чоколадо;
- домати и производи на база на домати;
- цитрусно овошје;
- пеперминт;
- пржена храна;
- храна со висока содржина на масти;
- зачинета храна;
- лук;
- кафе;
- алкохол.
Како се лекува рефлукс?
Третманот на рефлукс во голема мера зависи од сериозноста на вашите симптоми.
Промената на животните навики во комбинација со лекови препишани од доктор може да ви помогне да ги контролирате симптомите или да го решите овој проблем.
Избегнувајте храна која предизвикува симптоми, консумирајте помали оброци, избегнувајте тесна облека и не легнувајте веднаш после јадење.
С. Ш. | Црнобело / фото: Freepik, Pexels, Pixabay