Колку е опасен анафилактичниот шок и како да реагирате ако некој го добие?

Во случај на анафилактичен шок, неопходно е да се следат сите витални функции, особено отчукувањата на срцето, дишењето и крвниот притисок.

anafilaktichniot-shok-moze-da-bide-opasen-po-zivot-kako-da-reagirate-i-kaj-koj-doktor-da-se-obratite-01.jpg

Анафилактичен шок е системска алергиска реакција која потенцијално може да биде опасна по живот и најчесто се јавува по употреба на одредени лекови, консумирање одредена храна или убод од инсекти.

За разлика од локалната алергиска реакција, каде што имунолошкиот систем претерано реагира на одредена супстанца создавајќи мала количина на хемиски супстанци кои се таложт на едно место, при анафилактичен шок, голема количина на хемиски супстанции се ослободуваат низ телото за многу кратко време.

Доколку итно не се делува, оваа реакција може да доведе до смрт. 

Луѓето кои се склони кон алергии, кои имаат членови на семејството кои имале анафилактичен шок или кои самите преживеале анафилактичен шок се изложени на зголемен ризик да го развијат. 

anafilaktichniot-shok-moze-da-bide-opasen-po-zivot-kako-da-reagirate-i-kaj-koj-doktor-da-se-obratite-04.jpg

Симптоми на анафилактичен шок

Симптомите се појавуваат по 5 до 30 минути од контактот со супстанцата на која сте алергични. 

Понекогаш сите симптоми се манифестираат по еден час.

Најчести симптоми се:

  • црвенило;
  • осип на кожата;
  • оток на различни делови од телото;
  • отежнато дишење;
  • губење свест;
  • несвестица/вртоглавица;
  • отежнато дишење;
  • кашлица;
  • тешкотии при голтање;
  • гадење;
  • повраќање;
  • грчеви.

anafilaktichniot-shok-moze-da-bide-opasen-po-zivot-kako-da-reagirate-i-kaj-koj-doktor-da-se-obratite-06.jpg

Како да реагирате ако некој добие анафилактичен шок?

Одговорот е едноставен - брзо

Луѓето кои знаат дека се преосетливи на одредени алергени супстанци кои можат да предизвикаат анафилактичен шок треба да носат сетови за самопомош со себе.

Во случај на анафилактичен шок, неопходно е да се следат сите витални функции, особено отчукувањата на срцето, дишењето и крвниот притисок. 

Следна реакција е одење во медицинска установа.

По развивањето на анафилактичен шок, пациентот треба да остане во болница најмалку 24 часа, за да се следи неговата состојба.

anafilaktichniot-shok-moze-da-bide-opasen-po-zivot-kako-da-reagirate-i-kaj-koj-doktor-da-se-obratite-07.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg