Децата и потењето: Како да препознаете дали е нормално или прекумерно?

Ако вашето дете се поти повеќе од нормално, може да има хиперхидроза, состојба која предизвикува личноста да се поти до пет пати повеќе отколку што е потребно за регулирање на телесната температура. Како да препознаете дали потењето е нормално или не?

decata-i-potenjeto-kako-da-prepoznaete-dali-e-normalno-ili-prekumerno-01.jpg

Сите деца потат во одредена количина. Физичката активност, топлата и влажна средина или настинка и грип со треска може да предизвикаат потење кај децата.

Но, во овие случаи, потењето ќе се намали штом детето се чувствува подобро или штом ќе влезе во поладна и поудобна средина.

Ако вашето дете се поти повеќе од нормално, може да има хиперхидроза, состојба која предизвикува личноста да се поти до пет пати повеќе отколку што е потребно за регулирање на телесната температура.

Оваа состојба не е честа појава кај малите деца, но е возможна.

decata-i-potenjeto-kako-da-prepoznaete-dali-e-normalno-ili-prekumerno-02.jpg

Симптоми на прекумерно потење кај децата

Знаците на абнормално потење кај децата вклучуваат:

  • Потење на лицето и рацете, дури и кога температурата е удобна
  • Забележувате пот што се впива преку облеката
  • Прекумерно потење на рацете при што се попречуваат нормалните активности во училиште или при играње
  • Потење што се влошува во потопла средина и постресни ситуации

Видови на хиперхидроза кај децата

Постојат два типа хиперхидроза кои може да ги погодат децата.

Примарната хиперхидроза предизвикува прекумерно потење на еден дел од телото, како што се пазувите, рацете или стапалата.

Децата со примарна хиперхидроза најчесто не се потат додека спијат. Некои истражувања покажуваат дека оваа состојба може да биде наследна.

Секундарната хиперхидроза се однесува на прекумерно потење кое се јавува низ целото тело.

Тоа обично е предизвикано од некоја медицинска состојба или лек. Децата со секундарна хиперхидроза имаат поголема веројатност да потат и во текот на ноќта.

decata-i-potenjeto-kako-da-prepoznaete-dali-e-normalno-ili-prekumerno-03.jpg

Вообичаените причинители за секундарна хиперхидроза кај децата се:

  • Инфекции
  • Хипертироидизам
  • Дијабетес
  • Метаболистички и хормонални нарушувања
  • Лекови

Прекумерното потење не е секогаш индикација за сериозна медицинска состојба, но ако се сомневате дека вашето дете може да има хиперхидроза, треба да се консултирате се вашиот лекар за навремено да се утврдат основните причини.

Безбедни третмани за третирање на хиперхидрозата кај децата

Ако вашето дете има секундарна хиперхидроза, тогаш лекарот ќе ја лекува основната состојба што предизвикува прекумерно потење.

Ако детето има примарна хиперхидроза, постојат голем број опции кои може да се користат.

На пример, може да користите антиперспиранти. Антиперспирантите содржат алуминиум кој ги затнува потните жлезди и ги спречува да произведуваат пот.

Нанесувајте антиперспиранти на погодената област еднаш дневно, по можност на вечер, а претходно осигурете се дека истите се безбедни за користење кај вашето дете.

Исто така облечете му лесна облека која нема да му создава неудобности на вашето дете.

Секако, имајте предвид дека прекумерното потење во детството може да биде предизвикано од носење премногу тешка облека или едноставна физичка активност.

Но, постојаните проблеми со невообичаено потење кај децата може да укажат на хиперхидроза која може да биде наследна или да има основна медицинска причина.

decata-i-potenjeto-kako-da-prepoznaete-dali-e-normalno-ili-prekumerno-04.jpg

Важно е да му кажете на вашиот матичен лекар со што се соочувате, зашто повеќето причини можат ефикасно да се третираат, особено ако се рано дијагностицирани.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg