Митови за дебелеење во менопауза во кои не треба да верувате (и како да ослабите)

Дебелеењето во менопауза е честа појава кај жените, најчесто предизвикано од хормоналните промени, но тоа не значи дека е безопасно и дека треба да го игнорирате.

mitovi-za-debeleenje-vo-menopauza-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-i-kako-da-oslabite-01.jpg

Периодот пред и по почетокот на менопаузата може да биде особено тежок за секоја жена.

Поради хормоналните промени, жените се соочуваат со низа (непријатни) симптоми, а еден од нив е и дебелеењето.

А, кога станува збор за дебелеење во менопауза, постојат навистина многу митови кои не се точни, а можат да бидат и штетни.

Кои се најчестите митови на кои не треба да верувате, но и како да ја регулирате тежината во овој период од животот?

Мит 1: Вие сте виновни за дебелеењето во менопауза

Секако дека начинот на исхрана и физичката активност имаат влијание, но самите хормонални промени се исто така голем „виновник“.

Поради ова, се случува и жени кои се хранат здраво и редовно вежбаат да се здебелат во менопауза.

Се претпоставува дека најголемо влијание врз тежината има естрогенот.

Во менопауза, нивото на естроген се намалува. Кога естрогенот е намален, желбата за храна се зголемува, а се намалува и физичката активност.

Ниското ниво на естроген може да го забави и метаболизмот, што значи масните наслаги се таложат побрзо.

Постојат и други фактори кои можат да поттикнат дебелеење во менопауза. На пример, со возраста, повеќето жени намалуваат со физичка активност.

Покрај тоа, кај повозрасните жени побрзо се губи мускулната маса, што го забавува метаболизмот, а го прави дебелеењето полесно.

qmitovi-za-debeleenje-vo-menopauza-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-i-kako-da-oslabite-06.jpg

Мит 2: Дебелеењето почнува дури во менопаузата

Промените во телото не настануваат кога целосно ќе прекине менструалниот циклус, а самата менопауза се одвива во неколку фази.

Најпрво почнува период познат како перименопауза и тогаш почнува да се намалува нивото на естроген. Поради ова, дебелењето може да почне уште во перименопауза.

Овој период менструацијата може да биде нередовна, но не прекинува.

Кога ќе поминат 12 и повеќе месеци од последната менструација, тогаш е почната менопаузата.

Но, периодот од перименопауза до менопауза може да трае и неколку години.

mitovi-za-debeleenje-vo-menopauza-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-i-kako-da-oslabite-05.jpg

Мит 3: Не треба да се грижите ако се здебелите во менопауза

Иако за дебелеењето се одговорни многу фактори, тоа не значи дека вишокот килограми нема да претставуваат проблем.

Вишокот килограми го зголемува ризикот од бројни проблеми со здравјето како дијабетес, висок крвен притисок, замастен црн дроб, проблеми со менталното здравје…

Што значи, важно е да водите грижа за здравјето и во менопауза.

mitovi-za-debeleenje-vo-menopauza-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-i-kako-da-oslabite-04.jpg

Како да го спречите дебелеењето во менопауза (или како да ослабите)?

Јасно е дека вежбањето и здрава исхрана се клучни во овој случај.

Најдобро е да намалите со многу преработена храна и повеќе да се фокусирате на свежи продукти.

Избегнувајте многу шеќер и најголемиот број калории внесувајте ги од протеини и зеленчук.

Исто така, потрудете се поголемите оброци да ги јадете порано во денот, за да можете да ги согорите мастите и калориите.

mitovi-za-debeleenje-vo-menopauza-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-i-kako-da-oslabite-02.jpg

Кога станува збор за вежбање, тоа зависи од вашите цели.

Генерално, најдобро е да одвоите 150 минути неделно за некаква физичка активност.

За најдобри резултати, препорачливо е да ги комбинирате вежбите во текот на една недела.

На пример, аеробните вежби ги намалуваат масните наслаги, вежбањето со тегови ја зголемува мускулната маса, додека јогата и пилатесот ја зголемуваат флексибилноста и ги зајакнуваат коските и мускулите.

Ако не сте сигурни од каде да почнете со вежбање, секогаш е добро да се консултирате со професионалец.

Покрај слабеењето, постојат и други придобивки од вежбање по менопауза, како:

  • Намален ризик од остеопороза
  • Намален ризик од проблеми со срцето
  • Зголемена отпорност на инсулин
  • Одржување на здравјето на зглобовите и мускулите
  • Одржување на здравјето на дигестивниот систем
  • Намалени симптоми на депресија и анксиозност
  • Подобрено целокупно здравје

mitovi-za-debeleenje-vo-menopauza-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-i-kako-da-oslabite-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg