Што треба да знаете за бактеријата мораксела – Честа е кај децата, предизвикува инфекции

Бактеријата мораксела сè повеќе се идентификува како честа причина за инфекција на средното уво кај децата. Многу мали деца ја имаат оваа бактерија во носот, а понекогаш може да се пресели во средното уво, предизвикувајќи инфекција.

shto-treba-da-znaete-za-moraksela-vid-bakterija-koja-chesto-e-prisutna-kaj-decata-01.jpg

Мораксела (moraxella catarrhalis) е вид бактерија која порано се сметала за нормален дел од човечкиот респираторен систем, но, поновите истражувања покажуваат дека понекогаш бактеријата може да предизвика инфекции кога имунитетот е ослабен.

Многу мали деца ја имаат оваа бактерија во нивниот респираторен тракт во првите неколку години од животот, но тоа не секогаш предизвикува инфекции.

Кога тоа се случува, често резултира со едноставна инфекција на увото или синусите.

Кај деца со ослабен имунолошки систем, може да предизвика посериозни инфекции, како што се пневмонија или бронхитис.

Од друга страна, мораксела обично не е присутна кај респираторниот тракт на возрасните. Ако пак ја имаат, тоа е најчесто поради ослабен имунолошки систем поради одредена состојба.

shto-treba-da-znaete-za-moraksela-vid-bakterija-koja-chesto-e-prisutna-kaj-decata-02.jpg

Што може да предизвика бактеријата мораксела?

Доколку е присутна бактеријата мораксела, таа може да предизвика:

Инфекција на средното уво. Бактеријата мораксела сè повеќе се идентификува како честа причина за инфекција на средното уво кај децата.

Многу мали деца ја имаат оваа бактерија во носот, а понекогаш може да се пресели во средното уво, предизвикувајќи инфекција.

Пневмонија. Пневмонија е инфекција во белите дробови која често е предизвикана од бактерии. Сепак, ова најчесто е случај кај возрасни со ослабен имунолошки систем или хронични белодробни заболувања.

Луѓето со белодробна болест кои поминуваат многу време во болница, имаат најголем ризик од развој на пневмонија поради оваа бактерија.

Бронхитис. Бронхитисот е воспаление на белите дробови кое обично е предизвикано од вирус, а не од бактерии.

Сепак, кај возрасни со ослабен имунолошки систем или хронични заболувања на белите дробови, оваа бактерија може да предизвика бронхитис.

Синусна инфекција. Мораксела исто така може да предизвика и инфекции на синусите кај децата, како и кај возрасните со ослабен имунолошки систем.

Симптомите на инфекција на синусите се слични на оние на настинка, но имаат тенденција да се влошуваат наместо да се подобрат.

Конјунктивитис. Оваа бактерија може да предизвика конјунктивитис и кај децата и кај новороденчињата.

Менингитис. Во многу ретки случаи, бактеријата мораксела може да предизвика менингитис, особено кај новороденчињата. 

shto-treba-da-znaete-za-moraksela-vid-bakterija-koja-chesto-e-prisutna-kaj-decata-03.jpg

Како се третира бактеријата мораксела?

Инфекциите предизвикани од мораксела најчесто добро реагираат на антибиотици. Без оглед на тоа кој антибиотик се користи, многу е важно да се зема онака како што е препишано.

Дури и ако симптомите почнат да се подобруваат и не се чувствувате лошо, погрижете се да ЈА ЗАВРШИТЕ ЦЕЛАТА ТЕРАПИЈА. Во спротивно, инфекцијата може да се врати и да биде отпорна на оригиналниот користен антибиотик.

shto-treba-da-znaete-za-moraksela-vid-bakterija-koja-chesto-e-prisutna-kaj-decata-04.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg