Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-nemam-zhelba-da-pravam-nishto-dali-imam-depresija-01.jpg

Прашање од читател:

„Имам 35 години, во брак со две деца. Во последно време се чувствувам незадоволна на сите полиња – од работата, себе, дома…

Немам желба да правам ништо освен тековните обврски, како да се вртам во некој магичен круг од кој нема излез. Дали можеби е ова некој почеток на депресија?“

Одговор од психолог, Нина Тасевска:

Многу често нашето функционирање, посебно кога имаме повеќе обврски очекувани од нас да ги исполниме, знае да биде рутинско, монотоно, баш како да нè голтнал некој магичен вртлог и не можеме да излеземе од него.

Секој ден истото, ист редослед, исти дразби, слични реакции и предвидливи однесувања.

Некое време функционираме, организираноста, рутината ни одговараат, но по време се чувствуваме како да не е тоа насоката која сме ја посакувале од животот.

1. Застанете!

Направете себерефлексија – запрашајте се: Како се чувствувам сега и овде? Кои мисли ми се јавуваат во главата?

Констатирајте ги, запишете ги. Препорачливо е и водење дневник каде секојдневно ќе запишувате какви се вашите чувства и од што се предизвикани.

Дневникот е најдобрата алатка за себенабљудување, која во исто време ви дава можност да покажете повеќе разбирање за своите постапки.

Кога започнав да се чувствувам незадоволно? Дали нешто конкретно ми се случило што го предизвикало ова чувство? Дали сум физички, ментално уморен/а? Дали можеби сум очекувал/а нешто поразлично од тоа како се одвива мојот живот? Дали имам мотив, цел? Дали можам да кажам што точно сакам? Што ме полни со енергија?

Кога свесноста за проблемот ја воочувам, реагирам и барам решение, што во состојба на целосна безволност и потиштеност – депресија не постои (иако постои и терминот „маскирана депресија“ каде многу умешно симптомите ги криеме, функционираме навидум оптимално, но внатре во нас чувствуваме мртвило). Тоа укажува дека можеби периодот е тежок, неподнослив, но енергетскиот капацитет во телото ми е сè уште на ниво каде барам спас.

2. Најдете мотив, цел!

Било што кое поради обврските сте го запоставиле. Ќе ви ја врати енергијата, еланот. Одредете кога ќе го практикувате.

Земете си време за важни работи за вас, бидејќи никој освен вас не може да ве тргне од вртлогот. Пешачење, фитнес, спорт, готвење, курс, музика, плетење…

Најдете мотив дури и во активностите кои „мора“ да ги извршувате. На пример, кога чистам трошам калории – правам добро за моето тело. Или, на работа, за секоја завршена обврска пофалете се, покажете си благодарност…

Страста за нештата е во нас – не смееме да ја бараме во друг, ќе се разочараме.

3. Разговарајте со некој кој ве разбира

Поддршката, неосудувањето, слушањето за вашата мака на некој близок до вас може многу да ве охрабри. Но, сепак решението е во вас.

Никој не може да нè направи среќни, освен самите ние. Но, може да нè поддржи во процесот на работа на себе.

4. Побарајте поддршка, помош од стручно лице.

Во процесот на „расчистување“ со себе и увидување на нештата кои се вистинскиот извор на незадоволство, а кои сега ги бараме во надворешниот свет, многу умешно ќе ве води стручно лице кое со својата стручност, посебност и ангажираност ќе ви олесни полесно и побрзо да „допрете“ до себе.

Најважна од сè е вербата и изборот да бидам среќен, исполнет, задоволен. Штом го направиме тој избор, патот ќе се појави пред нас.

Тоа е внатрешно чувство кое ќе ви покаже дали и кога е време за следни чекори.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Нина Тасевска, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg