Физиотерапевт открива: „Како да се спасите од вкочанетоста во рамениците за 2 минути?

„Буквално го пробав ова додека бев на работа. Навистина ми помогна“ – стои во еден од коментарите на видеото во кое физиотерапевт од Канада покажува како брзо да се ослободите од вкочанетоста во рамениците.

fizikalen-terapevt-otkriva-kako-da-se-spasite-od-vkochanetosta-vo-ramenicite-za-2-minuti-01.jpg

Дали и вие постојано се жалите на болки во рамениците?

Физиотерапевтот од Канада, Брендон Талбот на својот ТикТок профил сподели кратка вежба што може да ви помогне доколку се чувствувате вкочанети, а за да ја направите, нема потреба воопшто да станувате од столчето.

Краткото видео, што трае само 10 секунди досега било прегледано повеќе од 37.000 пати, а според Брендон, за да се ослободите од вкочанетоста потребно е да седнете и да го потпрете лактот на раката на масата и да се навалите со целото тело нанадвор.

fizikalen-terapevt-otkriva-kako-da-se-spasite-od-vkochanetosta-vo-ramenicite-za-2-minuti-02.jpg

Голем број од неговите следбеници му се заблагодарија за оваа лесна вежба и велат дека им помогнало веднаш да се ослободат од вкочанетоста.

„Буквално го пробав ова додека бев на работа. Навистина ми помогна. Навистина е добро да се знае кога рамената ми се вкочанети“;

„Одлично покажано“ – стои во некои од коментарите.

fizikalen-terapevt-otkriva-kako-da-se-spasite-od-vkochanetosta-vo-ramenicite-za-2-minuti-03.jpg

Сепак, Брендон напомена кој не смее да ја прави оваа вежба:

„Немојте да го правите ова ако имате медицински проблеми со рамениците. Ако почувствувате болка или нелагодност веднаш престанете и побарајте совет од лекар“ – нагласува тој.

fizikalen-terapevt-otkriva-kako-da-se-spasite-od-vkochanetosta-vo-ramenicite-za-2-minuti-04.jpg

Погледнете ја вежбата:

@btosteopathy

💥Simple shoulder stretch💥 . Here is one way to lengthen the soft tissue around the shoulder. . Give it a try, save and share with a friend! . ❌ Do not try this if you have any underlying shoulder issues. If this causes pain or discomfort, stop immediately and consult your healthcare professional. . #shoulderpain #shoulderpainrelief #btosteopathy #painrelief #neckpain #upperbackpain #backpainrelief #posture #postureexercises #shoulderstretch #shouldermobility

♬ original sound - BT.Osteopathy

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg