Зошто се појавува и како се лекува тахикардијата - Дали нетретирањето на овој проблем може да го оштети срцето?

Срцето силно ви чука, имате вртоглавица, болка во градите и чувствувате гушење? Можно е да имате тахикардија и токму затоа морате итно да се обратите на лекар, бидејќи нетретирањето на овој проблем може да е опасен по животот.

zoshto-se-pojavuva-i-kako-se-lekuva-tahikardijata-dali-netretiranjeto-na-ovoj-problem-mozhe-da-go-oshteti-srceto-01.jpg

Кога човек има тахикарија, срцето му чука забрзано што вообичаено трае неколку секунди, но може да биде опасно по живот.

Зборот тахикардија значи забрзано чукање на срцето. Срцето на здраво возрасно лице во мирување обично има 60 до 100 отчукувања во минута, а кај спортистите уште помалку.

Ако тој број се зголеми на повеќе од 100 отчукувања, тоа е тахикардија.

Како се препознава тахикардијата и дали може да предизвика други проблеми?

Се случува некои луѓе, кои иако го имаат проблемот, да немаат симптоми на тахикардија, додека други да имаат благи до тешки знаци на овој здравствен проблем.

Симптомите на тахикардија може да бидат:

Краток здив;

Болки во градите;

Гушење / недостаток на кислород;

Замор;

Притисок во вратот или главата;

Низок крвен притисок;

Силно чукање на срцето;

Вртоглавица;

Замагленост;

Несвестица.

Ако не се лекува, тахикардијата може да доведе до:

Згрутчување на крвта;

Срцев удар;

Застој на работата на срцето.

zoshto-se-pojavuva-i-kako-se-lekuva-tahikardijata-dali-netretiranjeto-na-ovoj-problem-moze-da-go-oshteti-srceto-12.jpg

Зошто се јавува тахикардија?

Причини кои влијаат на појава на тахикардија:

Стрес;

Проблеми со тироидната жлезда;

Анемија;

Висока температура;

Бронхитис особено хроничен;

Срцеви проблеми;

Тумори;

Поедини лекови.

zoshto-se-pojavuva-i-kako-se-lekuva-tahikardijata-dali-netretiranjeto-na-ovoj-problem-moze-da-go-oshteti-srceto-11.jpg

Како се дијагностицира тахикардија?

Задолжително треба да се обратите на лекар кој:

Ќе направи целосен преглед - ќе ги преслуша срцето и белите дробови;

Ќе направи ЕКГ;

Ќе побара да се направи комплетна лабораторија со хормони на тироидната и железото;

Ќе побара рендген на срцето и белите дробови;

Ќе ве испрати кај интернист и кардиолог;

Ќе предложи да се направи холтер ЕКГ и ултразвук на срцето.

zoshto-se-pojavuva-i-kako-se-lekuva-tahikardijata-dali-netretiranjeto-na-ovoj-problem-moze-da-go-oshteti-srceto-09.jpg

Третманот на тахикардија зависи од видот, така што третманот на атријална или суправентрикуларна тахикардија вклучува:

Масажи;

Добар сон;

Помалку алкохол или кофеин;

Лекови;

Кардиоверзија (стандардна процедура во кардиологијата која се заснова на употреба на краткотраен електричен шок преку електроди поставени на градите на пациентот);

Аблација.

Кои лекови/третмани се користат за тахикардија?

Бета блокатори;

Блокатори на калциумовите канали;

Антиаритмични лекови;

Разредувачи на крв или антикоагуланси.

zoshto-se-pojavuva-i-kako-se-lekuva-tahikardijata-dali-netretiranjeto-na-ovoj-problem-moze-da-go-oshteti-srceto-12_copy.jpg

Какви компликации/несакани ефекти може да предизвикаат лековите и третманите за тахикардија?

По аблацијата, може да се јави оток, модринки или црвенило. 

Други ризици се:

Оштетување на срцето или крвните садови;

Крварење;

Инфекции;

Згрутчување на крвта;

Инфекција;

Вртоглавица;

Краток здив.

zoshto-se-pojavuva-i-kako-se-lekuva-tahikardijata-dali-netretiranjeto-na-ovoj-problem-moze-da-go-oshteti-srceto-06.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg