Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате

Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалку ви лачи солзи? Тоа е знак дека имате проблеми со видот, но не грижете се, постојат вежби и витамини кои многу ќе ви помогнат.

kako-da-go-zachuvate-i-podobrite-vidot-bez-nosenje-ochila-vezbi-koi-treba-da-gi-primenuvate-01.jpg

Се вели дека очите се огледало на душата. Знаете ли зошто?

Затоа што очите јасно ги откриваат вашите чувства, мисли и расположение. 

Како одминуваат годините, така вашиот вид станува се послаб, а на него дополнително влијаат разни болести. 

Затоа сигурно се прашувате како природно да го подобрите видот и дали има ефективни вежби за очи или витамини за подобар вид?

Постојат многу чекори што можете да ги преземете за да ги одржите вашите очи здрави, а првиот треба да биде да го промените начинот на живот, да ги заштитите очите од повреди и да го намалите стресот.

kako-da-go-zachuvate-i-podobrite-vidot-bez-nosenje-ochila-vezbi-koi-treba-da-gi-primenuvate-06.jpg

Витамини за подобар вид

Витамин А - Недостатокот на витамин А е честа причина за губење на видот ширум светот.

Витамин Е - Овој витамин е уште еден моќен антиоксиданс кој ги штити очните клетки од оштетување предизвикано од слободните радикали. 

Витамин Ц - Витаминот Ц има антиоксидантни својства кои го спречуваат оштетувањето на клетките и го зајакнуваат вашиот имунолошки систем, а со тоа го спречува развојот на инфекции на очите, катаракта и макуларна дегенерација. 

Цинк – Овој минерал го транспортира витаминот А од црниот дроб до мрежницата за да го стимулира производството на меланин, што помага да се спречи ноќното слепило и ги намалува шансите за развој на други проблеми со видот. 

Омега-3 масни киселини - Тие му помагаат на вашиот имунолошки систем да се бори против инфекциите на очите и исто така го намалуваат ризикот од развој на синдром на суво око. 

Лутеин и Зеаксантин - Овие каротеноиди имаат моќни антиоксидантни својства кои помагаат во борбата против слободните радикали во вашето тело, што резултира со здрави клетки, особено во вашите очи. 

kako-da-go-zachuvate-i-podobrite-vidot-bez-nosenje-ochila-vezbi-koi-treba-da-gi-primenuvate-09.jpg

Вежби за очи за подобар вид:

Следните вежби за очи ќе ви помогнат и да го намалите напрегањето на очите, што е резултат на предолго гледање во екранот на компјутерот или мобилниот телефон.

Трепкање

Додека гледаме во екран многу поретко трепкаме.

Ова може да доведе до суви очи и синдром на суво око. 

Трепкањето ги пумпа лојните жлезди во очните капаци и со тоа промовира подмачкување на површината на очите. 

Вежбата за трепкање се изведува така што ќе ги затворите очите, ќе паузирате две секунди и потоа ќе ги отворите повторно. Додека очите се затворени, очните капаци може свесно да се стискаат цврсто за дополнителна стимулација на лојните жлезди. 

Правете го ова неколкупати на ден по 5-10 минути.

kako-da-go-zachuvate-i-podobrite-vidot-bez-nosenje-ochila-vezbi-koi-treba-da-gi-primenuvate-03.jpg

Фокусирање

Наизменичното фокусирање во близина и растојание помага да ги навикнете вашите очи соодветно да се релаксираат. 

Држете го палецот на 25cm од лицето и фокусирајте се на него 15 секунди.

По петнаесет секунди, преместете го погледот кон објект оддалечен 6-7 метри и повторно задржете го фокусот 15 секунди. 

Врати се на палецот. 

Повторете го ова неколкупати.

kako-da-go-zachuvate-i-podobrite-vidot-bez-nosenje-ochila-vezbi-koi-treba-da-gi-primenuvate-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Страбизам (вкрстени очи) кај деца: Што го предизвикува и дали се третира? Најчестите причини за страбизам (вкрстени очи) кај децата се далековидост или кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg