Како да се ослободите од херпесот на уста? Трикови за брзо и ефективно лекување
Досадниот херпес на уста може да биде многу заразен и лесно да се пренесе на другите делови од телото. Постојат неколку начини на негово пренесување, па потребно е да преземете мерки на претпазливост.
Херпесите на уста се најчестата вирусна инфекција која се шири.
Станува збор за ситни меурчиња исполнети со течност на и околу усните. По пукањето на меурчето, се формира краста која може да трае неколку дена.
Воспалението обично заздравува за една до две недели, а лузна не останува.
Кога се појавува?
Херпесот на уста најчесто се појавува и повторува поради:
Вирусни инфекции;
Хормонски промени;
Стрес;
Замор;
Изложеност на сонце и ветер;
Промени во имунолошкиот состав.
Дали херпесот може да предизвика сериозни компликации?
Херпесот е здодевна болест која постојано се враќа, но со неа може да се живее и за неа постојат лесно достапни лекови.
Во некои случаи може да предизвика компликации, ако се пренесе на другите делови од телото, особено на очите.
Херпесите на устата во бременоста не претставуваат никаков проблем, затоа што не постои начин да се пренесат на плодот.
Колку долго трае херпесот?
Ова е индивидуално, но најчесто поминува за најмногу една до две недели доколку на време почне да се третира.
Кога првпат ќе ви се појави може да почувствувате: главоболка, болка во непцата, болка во мускулите и температура.
Како се пренесува?
Херпесот се пренесува од лице на лице, најчесто преку бакнежи, но и со делење на контаминирани предмети како пешкири, кармини, прибор за јадење, чаши и салфетки.
Лицето исто така може да се самозарази односно да го пренесе вирусот од уста на нос, генитали или другите делови од телото.
За да го избегнете сето ова, мијте ги рацете неколкупати дневно со сапун и вода, особено пред јадење или користење на некои предмети.
Лекување
За да се смират симптомите на херпес, единствениот навистина ефикасен метод е да се земаат антивирусни лекови уште веднаш и тоа орално.
Паралелно, можете да користите и креми и други природни лекови кои помагаат да се регенерира кожата по пукањето на меурчињата
Хијалуронската киселина, на пример, има добри навлажнувачки, антиинфламаторни и лековити својства.
Обидете се и со следниве трикови:
Јаболков оцет - има антибактерисно и антивирусно дејство и уништува микроорганизми. Натопете една вата со јаболков оцет и оставете ја на херпесот преку ноќ.
Студени или топли облоги - ставете мраз на херпесот. Мразот го спречува избивањето на вирусот на површина. Но, и врела вреќичка чај е идеален избор за намалување на воспалението.
Лук - испасиран лук нанесете на меурчињата и оставете да делува додека не почувствувате пецкање.
Прополис - мачкајте прополис неколкупати во денот на подрачјето каде што имате херпес. Прополисот има антибактериско дејство.
Паста за заби - прва помош при појава на херпес секогаш е пастата за заби. Намачкајте ја во тенок слој на херпесот и оставете ја да се исуши.
С. Ш. | Црнобело/ фото: freepik.com