Што е предсемена течност и може ли да се забремени од неа?

Предсемената течност се лачи за да ги подготви органите за оплодување и мажот не може да го контролира нејзиното истекување. Кај многу мажи е забележано присуство на сперматозоиди во неа, па затоа се смета дека не е невозможно да се забремени од предсемена течност.

shto-e-predsemena-technost-i-mozhe-li-da-se-zabremeni-od-nea-01_copy.jpg

Што е предсемена течност?

Предсемената течност, позната и како преејакулат, е всушност течноста што истекува од пенисот во моментот кога мажот е возбуден, пред ејакулацијата.

Предсемената течност е проѕирна и се лачи од булбоуретралните жлезди. Таа се лачи кога мажот е сексуално возбуден, а нејзината функција е да ја намали киселоста во уретрата и да го подготви проодот на сперматозоидите (затоа што тоа е истиот канал каде што поминува урината).

Со оглед на тоа што вагината има благо кисела средина, предсемената течност исто така ја намалува и киселоста во женскиот полов орган, со цел да овозможи поголеми шанси за опстојување на сперматозоидите.

За разлика од семената течност, мажот не може да го контролира истекувањето на предсемената течност и заради тоа се верува дека може да предизвика несакана бременост.

can-you-get-pregnant-from-precum-0000000002.jpg

Дали кај сите мажи се лачи предсемена течност?

Количината предсемена течност што се лачи се разликува од маж до маж, па може да се случи кај некои припадници на посилниот пол тоа да биде минимално.

Но, не значи дека ако не можете да ја видите дека ја нема.

Доколку, пак сте сигурни дека кај вас не се лачи предсемена течност, тоа е сигурен знак дека треба да се консултирате со лекар.

can-you-get-pregnant-from-precum-0000000003.jpg

Дали може да се забремени од предсемена течност?

Шансите да се забремени од предсемена течност се многу мали, но не е невозможно.

Предсемената течност вообичаено не содржи сперматозоиди, но кај некои луѓе било забележано извесно присуство на семена течност во преејакулатот и се смета дека тоа може да доведе до несакана бременост.

Според некои постари истражувања, во предсемената течност може да има од 0 до 5 милиони сперамтозоиди, што е многу малку во споредба со 40-те милиони сперамтозоиди што ги има во семената течност на здравите мажи.

Според медицината, се смета дека семената течност што содржи под 39 милиони сперматозоиди е неквалитетна и дека шансите за забременување се намалени, но тоа не значи дека не може да се забремени.

can-you-get-pregnant-from-precum-0000000005.jpg

Доволен е само еден здрав сперматозоид за да се оплоди јајце клетката и тоа да доведе до бременост и оттука, иако шансите за забременување од предсемена течност се многу мали, тоа не е невозможно.

Затоа, на двојките што не сакаат бременост им се препорачува задолжително да користат кондоми или други средства за контрацепција, а методот со извлекување пред ејакулација е неефективен.

Според истражување од 2010-та година, дури кај 41 отсто од мажите е забележано присуство на сперматозоиди во предсемената течност.

can-you-get-pregnant-from-precum-0000000004.jpeg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Причини за неплодност кај мажите + може ли да се спречи? Кога станува збор за неплодност, најчесто проблемот се бара кај жената. Но, и ма...
Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)? Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти док...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg