Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)?
Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти докази дека витаминот Ц ќе ја излечи настинката, особено ако сте почнале да го пиете дури откако ви се јавиле симптомите.
Над 200 различни вируси предизвикуваат настинка, а како што времето заладува, болеста станува почеста.
Обично причината за ова е тоа што луѓето поретко проветруваат и минуваат повеќе време во затворен простор, па шансите да се заразат од некој друг се многу поголеми.
Нема конкретен лек за настинка и кога сте настинати, всушност треба да пробате да ги третирате симптомите.
Кај повеќето луѓе, настинката поминува и сама од себе, но ова може да потрае и недела-две и да претставува пречка во секојдневното функционирање.
Што да (не) правите кога сте настинати?
Додека сте настинати, треба да ги следите следниве препораки:
Пијте многу течности, но избегнувајте алкохол и пијалаци со кофеин бидејќи можат да ве дехидрираат.
Одмарајте – на телото му треба одмор за побрзо да закрепне.
Навлажнете го воздухот – сувиот воздух во домот може да ги влоши симптомите.
Пијте топли течности – помагаат ако носот ви е затнат, а добри се и за грлото.
Кои лекови можат да ви бидат од помош?
Ако имате болно грло, можете да го плакнете со солена вода – измешајте околу половина лажичка сол со чаша топла вода.
Немојте да им давате на мали деца да го плакнат грлото со солена вода.
Можете и да изедете лажичка мед кој има антивоспалителни својства и делумно може да ја ублажи иритацијата.
За посилна болка, од аптека можете да купи спреј за грло.
Ако имате затнат нос, можете да купите капки за таа намена, а и топлите пијалаци, како чај, можат да помогнат поради пареата.
Доколку чувствувате болки во телото, можете да се напиете аспирин.
Доколку кашлате, исто така можете да побарате лекови за таа намена.
Секогаш читајте го и упатството на лековите за да не претерате со дозата и да не си создадете дополнителни проблеми.
Лекови кои НЕ функционираат против настинка (или не прават голема разлика)
Антибиотици
Антибиотиците се користат за вирусни инфекции, додека настинката е предизвикана од бактерии.
Никогаш не треба да пиете антибиотици на своја рака бидејќи можете да си наштетите.
Притоа, кога ги пиете без препорака од лекар, вирусите стануваат поотпорни на антибиотици и лекувањето станува многу потешко.
Витамин Ц
Истражувањата за ефикасноста на витаминот Ц се измешани.
Односно, ако пиете витамин Ц откако ќе настинете, веројатно нема да забележите разлика.
Но, истражувањата покажале дека ако пиете витамин Ц пред да ви се појават симптомите, можно е да ви поминат побрзо.
Секако, ако сметате дека вам ви годи, пијте витамин Ц, но внимавајте да не претерате со дозата.
Цинк
Истражувањата се измешани и за цинкот – некои покажале дека е ефикасен против настинки, а некои дека не е.
Најдобро немојте да пиете цинк без препорака од лекар бидејќи може да има несакани ефекти ако претерате со дозата.
Лекови наменети за возрасни за детски настинки
Ако вашето дете има настинка, немојте да го лекувате со истите лекови што ги користите вие, дури и ако станува збор само за додатоци во исхраната.
Секогаш консултирајте се со лекар или фармацевт бидејќи некои лекови што се безбедни за возрасни, можат да бидат штетни за мали деца.
Спирова С. | Црнобело