Имате иритација на очните капаци и уште 6 знаци дека треба да одите кај друг козметичар за надградба на трепки

Ако трепките ви паднат за само неколку денови или ако не изгледаат воопшто природно, следниот пат најдобро одете во друг салон за надградба.

imate-iritacija-na-ochnite-kapaci-i-ushte-6-znaci-deka-treba-da-odite-kaj-drug-kozmetichar-za-nadgradba-na-trepki-01.jpg

Вештачките трепки стануваат сè попопуларни, а денес скоро сите салони за убавина нудат надградба која трае неколку недели.

Покрај тоа, трепките кои траат подолго можат да изгледаат мошне природно ако ги направите кај професионалец.

Но, како да препознаете дали козметичарот е професионалец и дали надградбата ќе биде квалитетна?

Неколку знаци кои покажуваат дека е подобро да одите во друг салон за надградба на трепки:

Козметичарот работи многу брзо

Надградбата на трепки е деликатна работа што одзема време. Па, за да се осигури дека ќе заврши добра работа, козметичарот не се брза.

Затоа, ако забележите дека козметичарот работи пребрзо и не обрнува внимание на сите ситници, можеби е подобро да одите на друго место.

imate-iritacija-na-ochnite-kapaci-i-ushte-6-znaci-deka-treba-da-odite-kaj-drug-kozmetichar-za-nadgradba-na-trepki-02.jpg

Трепките се заплеткани

Вештачките трепки треба да изгледаат природно, што значи не треба да се заплеткуваат, исто како вашите природни трепки.

Што значи, ако трепките што ви ги ставиле се заплеткуваат, следниот пат одете кај друг козметичар.

imate-iritacija-na-ochnite-kapaci-i-ushte-6-znaci-deka-treba-da-odite-kaj-drug-kozmetichar-za-nadgradba-na-trepki-03.jpg

Чувствувате пецкање и иритација додека трае надградбата

Професионалниот козметичар нема да дозволи да се појави никаква иритација или болка додека ви ги става вештачките трепки.

Областа околу очите е деликатна, па важно е да отидете кај козметичар кој нема да ви предизвика никакви проблеми со очите.

Исто така, не треба да се појави никаква иритација и по третманот за надградба.

imate-iritacija-na-ochnite-kapaci-i-ushte-6-znaci-deka-treba-da-odite-kaj-drug-kozmetichar-za-nadgradba-na-trepki-04.jpg

Можете да го видите лепилото

Ако можете да го видите лепилото кое билo искористено за надградбата, следниот пат одете на друго место.

imate-iritacija-na-ochnite-kapaci-i-ushte-6-znaci-deka-treba-da-odite-kaj-drug-kozmetichar-za-nadgradba-na-trepki-05.jpg

Сите влакна се со иста должина

Природно, влакната кои се на внатрешниот дел од трепките се пократки, а вака треба да изгледаат и вештачките трепки.

Ако влакната од трепките што ви ги ставиле имаат иста должина насекаде, најдобро одете во друг салон.

imate-iritacija-na-ochnite-kapaci-i-ushte-6-znaci-deka-treba-da-odite-kaj-drug-kozmetichar-za-nadgradba-na-trepki-06.jpg

Трепките почнуваат да паѓаат многу брзо

Веќе спомнавме дека надградбата на трепки треба да трае неколку недели.

Па, ако трепките почнат да ви паѓаат по само неколку денови, тоа значи дека козметичарот не завршил добра работа.

imate-iritacija-na-ochnite-kapaci-i-ushte-6-znaci-deka-treba-da-odite-kaj-drug-kozmetichar-za-nadgradba-na-trepki-07.jpg

Трепките не изгледаат природно

Ако не сте задоволни од изгледот на трепките и не изгледаат воопшто природно, тоа е јасен знак треба следниот пат треба да одите во друг салон.

imate-iritacija-na-ochnite-kapaci-i-ushte-6-znaci-deka-treba-da-odite-kaj-drug-kozmetichar-za-nadgradba-na-trepki-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
Предлог фризури со панделки: Тренд што ќе им се допадне на елегантните девојки (фото) Фризурите со панделки стануваат мошне популарни, а изгледаат навистина елегантно...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg