Шатуш – тренд за боење на косата, наменет за сите што сакаат природен изглед
По омбре и балајаж, во тренд е нова техника на боење на косата – наречена шатуш, а инфлуенсерките на Инстаграм почнаа да споделуваат поголем број фотографии од косата обоена со оваа техника.
Слично на балајажот, шатушот ѝ дава на косата поголем волумен и „помек“ изглед со посветли прамени, но разликата е во тоа што прамените се вадат со слободна рака и се истакнуваат само оние прамени што природно би можеле да бидат осветлени од сонцето.
Како резултат на оваа техника, косата добива уште поприроден изглед, па, заради тоа се вели дека е наменета за оние жени што сакаат да ја освежат бојата, но притоа да го сочуваат природниот изглед.
Дополнително, со оглед на тоа што овие прамени се изведени произволно, со текот на времето, како што израснуваат корените, обоените прамени уште поубаво се вклопуваат во целокупната боја.
Оосновното правило за оваа техника е обоените прамени да бидат само за нијанса посветли од природната, односно од бојата на косата што вообичаено ја носите (руса, кафеава или црвена).
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело