Заради испуканите пети не можете да носите сандали? Повеќе нема да ви бидат проблем
Долго време чекате да го облечете парот сандали кои ги купивте пред почетокот на летната сезона, но ве спречува изгледот на вашите пети? Повеќе не мора да го имате овој проблем.
Испуканата кожа на петите можете да ја третирате со само еден третман и тој да биде доволен за да се ослободите од насобраните мртви клетки.
Потребни состојки:
- 4l Вода
- 30g Сода бикарбона
- Масло од лаванда
- Камен за пети
- Хидратантна крема или лосион
- Коксово масло
Промешајте ја сода бикарбоната во врела вода и додадете неколку капки масло од лаванда. Во оваа течност оставете ги нозете да отстојат околу 15 до 20 минути и потоа со камен за пети ослободете се од сувата кожа.
Нанесете еден слој хидратантна крема на нозете и потоа кокосово масло. Третманот најдобро е да го правите пред спиење.
Повторувајте го еднаш или два пати неделно се додека не се подобри изгледот на кожата.