Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете)

Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои ќе ви помогнат да ја скриете мрсната коса кога немате време да ја миете.

idei-za-frizuri-so-koi-kje-ja-prikriete-masnata-kosa-i-kje-dobiete-posvezh-izgled-01.jpg

Мрсната коса е проблем со кој се борат многу жени. Ако едниот ден косата е бујна и сјајна, веќе наредниот ден може да изгледа како да не е миена со денови.

Но, ако сакате да го прескокнете тоа често миење (или можеби немате време), а притоа да излезете надвор полни со самодоверба, тогаш вреди да испробате некои од овие фризури кои ќе ви помогнат да го прикриете мрсниот корен и неуредните прамени.

Збогувајте се со „лошите денови“ на вашата коса и експериментирајте со некои од овие фризури:

Опавче со повеќе стегачи 

Оваа фризура е едноставна и брза за правење, а ќе ви додаде повеќе волумен на косата.

Соберете ја косата во високо или ниско опавче, а потоа поставете дополнителни ластичиња по нејзината должина.

Асиметричен изглед

Разделете ја косата прецизно, а потоа од едната страна користете мали шноли за да ја затегнете и да добиете елегантен, асиметричен изглед.

Добро е при рака да имате и сув шампон за да го комплетирате целиот изглед.

Неуредна пунџа со марама

Овој изглед ќе го постигнете брзо и без многу напор. Едноставно соберете ја косата повисоко и ставете марама неколку сантиметри подалеку од челото за да добиете поопуштен изглед.

Може да испуштите и неколку прамени за да добиете уште полежерен изглед.

Двојни замотани пунџи

Двојните замотани пунџи на задниот дел од главата изгледаат елегантно и ќе ви ја зголемат самодовербата. Ако ви е здодевен истиот неуреден изглед во пунџа, испробајте го ова.

Започнете така што ќе ја разделите косата по средината, а потоа секој дел соберете го во ниско опавче и извртете го во тесна пунџа. Ако е потребно, користете и мали шноли.

Елегантна пунџа со плетенка

Елегантната пунџа со плетенка ќе ви даде неодолив изглед, а притоа ќе ви ги прикрие масните прамени.

Исчешлајте ја косата наназад и соберете ја во високо или ниско опавче, во зависност од пригодата. Исплетете го опавчето и завртете го во пунџа, па прицврстете со врвка за коса.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 фризури на кои им помина времето (а, притоа додаваат години) Симетричните фризури не се во тренд, па затоа ако имате боб-фризура, никако не т...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Фризури од кои ќе изгледате постаро по 40-тата година (и треба да ги избегнувате) Многу жени цел живот носат една иста фризура... Но, ова е голема грешка, особено...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg