Како да го нанесете парфемот за да ви трае подолго?
За тоа колку долго ќе ви трае парфемот покрај тоа што зависи колку е квалитетен и што содржи, исто така зависи и од тоа како го нанесувате.
Ако ставите премногу парфем, дури и од најнежниот или најскапиот, нема да се чувствува вистинскиот мирис, бидејќи ќе биде премногу јак.
Ако го напрскате парфемот на рачниот зглоб секогаш може да го измиете со вода, доколку претерате. Ништо не е вечно.
Во секој случај, кога купувате парфем би требало да ги избегнувате слатките мириси, како и оние со премногу силен интензивен мирис.
Многумина тврдат дека триењето на еден од друг зглоб под дланките ги оштетува молекулите, па како последица се јавува изменет мирис од очекуваниот. Но, тоа не е точно, бидејќи молекулите не се толку чувствителни.
Се препорачува да напрскате парфем и на косата за мирисот да се задржи подолго. Косата точно го разнесува мирисот насекаде, а не дозволува да биде премногу концентриран на едно место, па слободно може да ги освојувате сите при секое поминување. Но, не претерувајте.
Доколку не сакате да ја оштетите косата со директно прскање на влакната, нанесете парфем на четката за чешлање, па поминете со неа низ косата.