Грешки заради кои спречувате косата да ви сјае како на рекламите

Немате рутина за коса пред спиење, носите често многу тесни капи, ја расчешлуавте додека е мокра и уште неколку грешки со кои ја уништувате косата. 

greshki-zaradi-koi-sprechuvate-kosata-da-vi-sjae-kako-na-reklamite-01_1.jpg

Понекогаш не е доволно само да користите одреден шампон за кој сте слушнале добри мислења. Негата на коса не завршува тука. 

Исто како рутините за лице, така постојат и рутини за нега на коса, а доколку не се грижите и не ја одржувате соодветно, ќе изгледа оштетено и несредено. 

Доколку правите некои од следниве грешки, никогаш нема да ви изгледа како на реклама, па направете промени побрзо.

Зошто косата не ви изгледа сјајно и како да го промените тоа?

Не ставате производи за нега на коса да отстојат преку ноќ

Не заборавајте на нега за коса од типот на маски и серуми соодветни за вашата коса кои ќе делуваат во текот на ноќта – ќе спречите сушење на косата, ќе се зголеми еластичноста и наутро ќе ви блеска.

greshki-zaradi-koi-sprechuvate-kosata-da-vi-sjae-kako-na-reklamite-02.jpg

Користите обичен пешкир и за косата

Не ги користете обичните, груби пешкири за бришење на косата за да не ја уништите, наместо тоа заменете ги со специјален турбан од микрофибер.

greshki-zaradi-koi-sprechuvate-kosata-da-vi-sjae-kako-na-reklamite-04.jpg

Ја занемарувате моќта на природните масла

Не значи дека мора да користите само скапи препарати за коса - кокосовото, бадемовото или маслиновото масло може да помогнат за помека и сјајна коса ако ги ставате да отстојат малку пред да ја измиете.

greshki-zaradi-koi-sprechuvate-kosata-da-vi-sjae-kako-na-reklamite-05.jpg

Често носите тесни капи

Тесните зимски капи, но и честото носење на бејзбол капчиња, може да ја уништат косата – бирајте шапки со простор за влакното да дише.

greshki-zaradi-koi-sprechuvate-kosata-da-vi-sjae-kako-na-reklamite-06.jpg

Фаќате опавче со синтетички ластичиња

Силно стегнатите ластичиња од гума и други неприродни материјали може посебно да ја уништат косата, најдобро е да ги замените со мазни свилени стегачи.

greshki-zaradi-koi-sprechuvate-kosata-da-vi-sjae-kako-na-reklamite-07.jpg

Не ја третирате соодветно мократа коса

Додека е мокра косата, грубото чешлање може многу полесно да ја уништи, па не претерувајте со расчешлувањето додека малку не ја исушите. Исто така, никогаш не легнувајте со мокра коса.

greshki-zaradi-koi-sprechuvate-kosata-da-vi-sjae-kako-na-reklamite-08.jpg

Не ја хидрирате доволно косата во текот на ладните месеци

Ако во лето ја заштитувате косата од УВ зраците, во зима пак, е потребна дополнителна хидратација со препарати за да ѝ го вратите сјајот.

greshki-zaradi-koi-sprechuvate-kosata-da-vi-sjae-kako-na-reklamite-09.jpg

Заборавате на ноќна рутина

Секоја вечер пред спиење, не заборавајте убаво да ја исчешлате косата за да не се заплеткува и кине во текот на ноќта. Не ја фаќајте цврсто со стегачи, може да ја фатите нежно или во опуштена плетенка.

greshki-zaradi-koi-sprechuvate-kosata-da-vi-sjae-kako-na-reklamite-01.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg