Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нови производи на Еуцерин за хиперчувствителна кожа

Од лабораториите на германскиот бренд за медицинска козметика Еуцерин, оваа есен ни пристигна новата Еуцерин линија за нега на чувствителна и хиперчувствителна кожа Еуцерин UltraSENSITIVE и AntiREDNESS.

novi-proizvodi-na-eucerin-za-hipercuvstvitelna-koza-1-01.jpg

Пред поголем број на медиуми и доктори дерматолози презентација за правилната нега на чувствителната кожа одржи д-р Соња Петрушеска специјалист - дерматовенеролог и стручен соработник за Еуцерин. Таа истакна дека е се поголем бројот на луѓе кои имаат чувствителна  и уште полошо хипер-чувствителна кожа (црвенило или розацеа), кои се жалат на чешање, јадеж, вжареност и црвенило на кожата, симптоми кои се добиваат кога се ослабени одбранбените способности на кожата и тоа најчесто како реакција на стрес и зголемена чувствителност на сензитивните нерви во кожата кои создаваат ниско ниво на отпорност.

Розацеа е хронично инфламаторно заболување кое зафаќа повеќе од 10% од возрасната популација, најчесто се јавува кај индивидуи со светол тен, а жените се позасегнати од мажите.

"Сепак, преосетливата кожа не треба да биде товар - кога користиме соодветна козметика за нега на кожата симптомите може да се смират", истакна д-р Соња. Еуцерин UltraSENSITIVE е совршен сојузник за оние кои страдаат од преосетлива кожа на лицето, со придружните симптоми како што се печење и воспаление.

novi-proizvodi-na-eucerin-za-hipercuvstvitelna-koza-1-02.jpg

Производот ја содржи активната состојка SymSitive, која е специјално создадена за потребите на преосетливата кожа и има моќ веднаш да ја смири. Кога се користи редовно во текот на еден период, производот ја оптимизира самозаштитата на кожата, па дури и ја зајакнува кожата од нетолеранција и хиперчувствителност.

Eucerin® AntiREDNESS е со SPF25 и UVA заштита и е совршен избор за пациентите кои страдаат од преосетлива кожа и во исто време од црвенило, односно розацеа. Како додаток на основната состојка SymSitive, Eucerin® AntiREDNESS  содржи и Глицирхетинска киселина, растителен Ликохалкон А и хидратирачки глицерин кои ефективно и брзо ја смируваат вцрвенетата кожа. Заедно со овие активни состојки, производот содржи и зелени пигменти - кои инстанто го покриваат црвенилото и го изедначуваат тенот. Овие производи се ослободени од конзерванси, парабени, парафини, алкохол, мириси, додатоци за боја и емулгатори.

Луѓето со чувствителна кожа треба да ги избегнуваат обичните козметички производи против стареење на кожата, оние кои содржат витамин А и кои неретко знаат да предизвикаат иритација.

Исто така облека од синтетички материјали, како и ново купена облека која содржи формалдехид и знае да создаде иритација и црвенило. Поради тоа треба да се внимава на изборот на материјал, и секогаш новата облека да се испере и испегла пред да се облече. Луѓето со осетлива кожа треба да бидат внимателни, каква гардероба носат, што јадат, каде го поминуваат времето, и пред се каква козметика користат.

Во било кој период од денот треба да се избегнуваат производи кои содржат алкохол и други хемиски додатоци, и да се намали дејството на стрес хормонот-адреналинот кој го оштетува генетскиот материјал во клетките на кожата и предизвикува предвремено стареење.

Колекцијата се состои од:

  • Eucerin® UltraSENSITIVE Cleansing Lotion, 100 ml
  • Eucerin® UltraSENSITIVE Soothing Care Dry Skin, 50 ml
  • Eucerin® UltraSENSITIVE Soothing Care Normal to Combination Skin, 50 ml
  • Eucerin® AntiREDNESS Concealing Day Care и Soothing Care.

novi-proizvodi-na-eucerin-za-hipercuvstvitelna-koza-1-03.jpg

Кожата е огледало на здравјето, и токму затоа треба постојано да се грижиме за неа!

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари) Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас....
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg