Направете ги овие 7 трикови навечер и ќе се разбудите свежи и прекрасни
Затоа што наутро фенирањето и ставањето маска за лице не ви паѓа на памет, добро би било да го завршите навечер. А и ретко кој има време да го прави сето тоа наутро, кога сè што сака е полна шолја кафе.
Променете си ги ноќните рутини, ако сакате да се разбудите посвежи.
1. Навечер измијте ја косата, исушете ја и направете плетенки. Наутро расплетете ги и уживајте во природните локни кои ќе се формираат додека спиете.
2. Спијте со маска за очи. Така ќе го спречите брчкањето на кожата околу очите, а наутро погледот ќе ви биде посвеж.
3. Нанесете хидратантна крема на лицето и телото пред спиење. Лицето ќе ви биде посвежо и ќе се разбудите без грижа дали кожата ви е сува и збрчкана.
4. Сочувајте ги резултатите од фенирањето така што ефектот ќе го продолжите додека спиете. Едноставно пред да си легнете врзете ја косата во високо коњско опавче. На овој начин ќе го сочувате волуменот, без прекршувања.
5. Користете есенцијално масло за нега на кожата. Наутро ќе изгледате како штотуку да сте излегле од козметички третман.
6. Спијте на сатенска перница. Така вашата коса нема да се мрси и превиткува, па наутро нема да се борите со расчешлувањето.
7. За полесно да се впие кремата на лицето, нанесете тенок слој подлога за шминка преку препаратот. Тоа овозможува полесно впивање.