Летни хит фризури: Плетенки за секоја пригода

Долгата коса е убава и привлечна, но знае да биде и досадна ако секогаш е права и пуштена. Дополнително, во летните денови може и да ви создава уште поголема топлина. Но, затоа може да искористете некоја од идеите со плетенки за да направите интересна летна фризура.

letni-frizuri-so-pletenki-za-sekoja-prigoda-01

Плетенките секогаш оставаат посебен впечаток. Колку е поизвртена, толку повеќе внимание привлекува. Може да ја дополнувате и со разни шноли, венчиња и марами за да ви одговара во одредена пригода.

Може да си направите свечена плетенка за на некоја прослава или обична лежерна за секој ден.

Уште една придобивка на плетенката е што и откако ќе ја одврзете имате повторно нова фризура, бидејќи косата ќе ви биде брановидна, па може да ја оставите развеана на ветрот или да ја соберете во бујно опавче.

Следете ги чекорите и направете си ја омилената летна плетенка:

1. Плетенка со пунџа е одлична свечена фризура која многу лесно може да ја направите, исто како да сте биле на фризер. Доволно е од едната страна да одвоите подебел прамен кој ќе го поделите на три и ќе направите плетенка, а остатокот од косата ќе го соберете во пунџа околу која ќе ја заврзете плетенката.

letni-frizuri-so-pletenki-za-sekoja-prigoda-1.jpg


2.
Торбичка од плетенка може да си направите и за секој ден, но и за некоја свечена прилика, зависно со каква шнола ќе ја украсите. Соберете ја целата коса во опавче спуштено на вратот. Поделете го на два дела и од двата направете плетенки, кои потоа ќе ги соберете како мала торбичка нагоре и ќе ги прицврстите со украсна шнола.

letni-frizuri-so-pletenki-za-sekoja-prigoda-2.jpg


3.
Цветната плетенка е одлична како дневна опуштена фризура. Одберете некое цветно венче со ластик околу главата, ставете го околу темето, а целата коса сплетете ја во лабава плетенка. Протнете ја околу венчето и полека растегнете ги прамените и прицврстете ги со тенки црни шноли околу венчето.

letni-frizuri-so-pletenki-za-sekoja-prigoda-3.jpg


4.
Плетенка 3 во 1 е многу лесна и интересна фризура. Соберете ја цела коса на една страна, поделете ја на 3 дела и од секој сплетете по една плетенка. Сите 3 плетенки сплетете ги во една.

letni-frizuri-so-pletenki-za-sekoja-prigoda-4.jpg

Погледнете како да си направите уште 5 фризури со плетенки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg