Летни хит фризури: Плетенки за секоја пригода


5.
Венче плетенка може да направите така што косата ќе ја поделите на два дела и едниот дел ќе почнете да го плетете од долу нагоре, прицврстувајќи го за главата со додавање прамени. Така постепено ќе направите цел круг, кој на крајот може да ви завршува како плетенка или да го прицврстите за почетокот.

letni-frizuri-so-pletenki-za-sekoja-prigoda-5.jpg


6.
Плетенка со балончиња може да си направите ако знаете да плетете со техника на рибина коска, само што нема да ја сплетете цела наеднаш, туку ќе ја подврзувате на неколку места со ластичиња и ќе ги развлечете прамените за да ви изгледаат како балончиња.

letni-frizuri-so-pletenki-za-sekoja-prigoda-6.jpg


7.
Плетенката на средина може да ја направите така што од една страна ќе почнете да плетете плетенка, но горните прамени ќе ги оставате пуштени. Откако ќе ја завршите плетенката, остатокот од косата ќе го врзете во пунџа, а прамените кои ви беа пуштени ќе ги подвиткувате и ќе ги прицврстувате навнатре со тенки црни шноли.

letni-frizuri-so-pletenki-za-sekoja-prigoda-7.jpg


8.
Лесна хипи плетенка може да сплетете на секоја коса. Не ви е потребна ни премногу долга, ниту права и уредна коса. Доволно е од двете страни да направите обични тенки плетенки кои ќе ги врзете како венче околу главата.

letni-frizuri-so-pletenki-za-sekoja-prigoda-8.jpg


9.
Оваа фризура може да ја направите многу лесно, а да ја носите каде сакате. Страничните делови од косата сплетете ги во одделни плетенки, а делот од косата позади во посебна плетенка која ќе ја намотате на вратот и до неа ќе ги прицврстите плетенките од напред.

letni-frizuri-so-pletenki-za-sekoja-prigoda-9.jpg


10.
Плетенка со опавче може да направите така што горниот слој од косата ќе го сплетете во лабава плетенка, а од долниот дел, од страна ќе направите една тенка плетенка, а остатокот ќе го соберете како опавче и околу него ќе ја намотате.



Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg