Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со што да се намачкате кога ќе изгорите на сонце?

Ако ова лето ви се случи да заборавите да ставите крема со заштитен фактор или едноставно сте премногу бледи па ништо не ви помага, има лек и за непријатните изгореници од сонцето.

so-sto-da-se-namackate-koga-ke-izgorite-na-sonce-01.jpg

Изгорениците од сонце е клучно да се негуваат со студени облоги и хидратантни лосиони, велат стручните лица.

Најдобро е да започнете со студена, смирувачка купка во која претходно сте додале неколку лажички сода бикарбона или шолја овесна каша. За ладење на изхорениците и хидрирање на кожата доволни ви се 15 до 20 минути.

Избегнувајте морска сол и пенести купки ако не сакате дополнително да ја иритирате кожата.

Мократа кожа не ја бришете со крпа, туку оставете ја природно да се исуши. Потполно сувата кожа задолжително намачкајте ја со гел од алое вера, обилно, 5 пати дневно. Повторувајте ја постапката неколку ден по ред.

Наместо купка, изгорениците можете да ги оладите и со компир. Оставете го да делува 10тина минути на црвените делови од кожата, а потоа истуширајте се со млака вода.

Поблагите изгореници можете да ги негувате со ретка смеса од вода и пченкарно брашно, која ја регенерира кожата.

Како прва помош против изгореници од сонцето исто така можете да ги користите намирниците кои ќе ги пронајдете во ладилникот - домат, краставица, кисело млеко...

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...
8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари) Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg