Блек Лајвли открива 3 тајни за природно убава коса
Таа беше една од најстилските ѕвезди на црвениот тепих во Кан. Покрај гламурозните тоалети, нејзин заштитен знак при секое појавување е и косата. За неа води посебна грижа, има многу трикови, тајни и рецепти, но неколку ги открива и за останатите девојки.
Таа знае како да ги држите разлетаните прамени под контрола, како да ја навиткате косата или да го зголемите волуменот.
Применете ги следниве 3 совети во некоја прилика и ќе ѝ бидете благодарни:
1. Брановидни прамени без фен и четка
Нејзината тајна по малку е тешко остварлива во нашето секојдневие, но може да се обидете да го постигнете ефектот и на малку поинаков начин.
Блејк забележала дека косата полесно ѝ се витка во Калифорнија, отколку во Њујорк. Сфатила дека тоа е поради солената океанска вода.
Затоа решила да си наполни неколку литри од океанот и да си ги понесе, па после миењето да ја навлажнува косата со таква вода.
Тоа се покажало успешно, но бидејќи ние немаме океан или море, истото може да го примените ако во обичната вода додадете неколку лажички морска сол и ја оставите да отстои еден ден, па да ја нанесете на претходно измиената коса.
Оставете природно да ви се исуши за да добиете брановидни прамени, како кога сте на плажа.
2. Нејзината златно-руса тајна
На природно русокосите девојки им препорачува кога ја осветлуваат бојата да не се фарбаат од корените, туку да почнуваат малку пониско.
На тој начин, ќе ја задржат и природната боја, која помешана со посветлите прамени ќе им даде поприроден изглед.
3. Пунџа за поголем волумен
Откако ќе ја измие косата ја суши со фен, но не целосно. Дозволува да биде малку влажна бидејќи така полесно ја држи под контрола. Потоа става малку пена, ја крева во висина речиси како балетска пунџа и ја врзува со цврст ластик за да добие широки локни кога ќе ја пушти.